Околу 60% на куќи во Холандија се терасасти куќи изградени една до друга, а околу една четвртина на овие објекти се изградени во период по втората светска војна. Иако овие објекти станаа препознатлив симбол на Холандија, истите не се енергетски ефикасни. Тим на студенти од Делфт Универзитет разви концепт за сончева обвивка, кој што е дизајниран да ја оптимизира потрошувачката на електричната енергија, а да не ја наруши препознатливата архитектура.
Обвивката го прекрива надворешниот дел на објектот – од една страна е опремена со стакло и со фотонапонски панели кој што генерираат сончевата енергија, а од друга страна содржи дополнителна изолација која што ја „заробува“ топлинската енергија.
Основната предност на ефикасност на оваа обвивка е неговата прилагодливост. Во текот на зимскиот период обвивката ја игра улогата на дополнителна топлинска изолација, а во есенскиот и во пролетниот дел оваа обвивка може да се отвори за да ја обезбеди дополнителна вентилација на објектите. Во летните месеци оваа обвивка може во целост да се отвори.
One Comment
Simeon Simev
Во Скопје на пример ова не е можно. Парно мора да си плаќаш, па макар и само да си сопственик на стан. Таква кражба никаде нема во светот.