Наместо собирање на енергијата на ветрот со ветерни турбини, група истражувачи од Cornell University пронајдоа начин за производство на струја предизвикано и од најмало ветре.
Додека традиционалните генератори имаат потреба од големи и скапи турбини, овој евтин систем развиен од Vibro-Wind research group воглавно се состои од панел на кој се монтирани осцилатори направени од пена. Пената помага при засилување на малите вибрации од ветрот.
Механичката енергија од вибрациите се претвора во електрична со помош на пиезоелектричен трансдусер, направа создадена од керамика или полимер која ослободува електрони кога е под притисок. Тимот ја разгледува и можноста за употреба на електромагнетна намотка наместо трансдусер.
Системот на Vibro-Wind има неколку предности со однос на ветерните турбини и другите традиционални средства за ветерна енергија. Споредено со постоечките постројки, панелите на Vibro-Wind бараат многу помал простор, прават помалку шум и се поевтини.
„Работата со турбините и ветерниците е што за нив Ви треба отворен простор кој е надвор од градот, затоа што на луѓето не им се допаѓа како изгледаат“ – објасни Rona Banai, студент по хемија и главен инженер на Vibro-Wind group.
Собирање на енергијата од вибрациите не е ништо ново, но, според Frank Moon, професор за машински инженеринг и водач на Vibro-Wind research group, интересите на технологијата се разграниле во последниве години на различни области, како одбранбена или цивилна инфраструктура.
На пример, војниците би можеле да ги заменат своите тешки батерии со пиезоелектрични уреди кои произведуваат струја само со одење. Слично, градежните инженери би можеле да градат згради со сензори напојувани од вибрирачката енергија, како би откривале пожар или други проблеми.
Истражувачите не прецизираа кога изумот бо станал комерцијално достапен, но се надеваат дека за брзо време ќе видат згради со Vibro-Wind панели, слично како соларните, кои ги има на сѐ поголем број покриви.
Преземено од Eco Seed