Научниците на Универзитетот Јужна Калифорнија направиле голем напредок во потрагата по евтини и стабилни соларни ќелии. Имено, тие создале соларни ќелии од нанокристали кои се толку мали, што можат да постојат и во течна состојба, па така во форма на боја или лак можат да се се намачкаат на која било мазна површина.
Соларните нанокристали се со големина од околу нанометри, што значи дека дури 250 милијарди честици може да ги собере на врвот на игла. Според Ричард Бручи, асистент по хемија, нанокристалите можат да се потопат во течен раствор, па на ист начин како што се печатат книги или весници, ќе може да се печатат и соларни панели. Бручи и неговиот колега Дејвид Вебер развиле нов вид на премаз посебно наменет за нанокристалите кои се направени од кадмиум селенид, полупроводнички материјал.
Течните нанокристални соларни ќелии се многу поевтини за производство од класичните монокристални силициумски соларни ќелии, но се многу понеефикасни од нив во преобразбата на сончевата енергија во електрична. Со ова истражувачите решија само еден од двата клучни проблеми кај течните соларни ќелии: како да се направи стабилен материјал и тој материјал да спроведува струја.
Во минатото се користеле органски лиганди (во случај да стоите слабо со хемија како и јас, клик овде) кои треба да ги држат нанокристалите стабилни и да ги спречат да се прилепуваат едни со други. Но овие молекули истовремено и ги изолираа цристалите, со што станува речиси невозможен протокот на струја. Но, научниците од Јужна Калифорнија откриле синтетички лиганд кој не само што одлично ги стабилизира наночестичките, туку и прави мали мостови кои кои ги поврзуваат кристалите, со што се подробува спроводливоста на материјалот.
Процесот на нанесување на наночестиците се одвива на релативно ниска температура, што значи тие можат да се нанесат на пластика наместо на стакло, без опасност од топење на пластиката, што дополнително ги снижува трошоците за изработка на крајниот производ – лесен и еластичен соларен панел кој може да се постави насекаде.
Со оглед дека кадмиумот е отровен материјал и неговата комерцијална употреба е ограничена, наредниот предизвик на истражувачите е да добијат нанокристали од други, еколошки поприфатливи материјали.