Предложените даноци се значително повисоки од очекуваните, што може да доведе до нови тензии во трговската размена меѓу САД и Кина.
Американските власти ќе воведат дополнителен данок на увоз на соларни панели од Кина поради, како што се наведува, нереалните цени на кинеските производители кои се суфинансирани од Владата во Пекинг.
Американското Министерство за трговија соопшти дека кинеските производители продаваат соларни панели на американскиот пазар по намалени цени кои се движат од 31 до 250 проценти под реалните.
Доколку биде прифатен предлогот на американската Влада, на увозот на кинески соларни панели ќе биде воведен дополнителен данок од просечно 31 процент.
Вашингтон во март веќе воведе дополнителен данок од 2,9 до 4,73 проценти на оваа стока, откако е утврдено дека Кина на недозволен начин го субвенционира производството на своите компании.
Предложените даноци се значително повисоки од очекуваните, што може да доведе до нови тензии во трговската размена меѓу САД и Кина.
Извор:press24.info