РЕК Битола ќе добие 20 години подолг век на работење. На најголемата термоелектрана која го оддржува целиот електроенергетски систем во земјата, во следните три години ќе се изведува мега проект, односно модернизација и ревитализација на котлите во електраната.
Оваа инветиција освен зголемување на работењето, електрната ќе ја направи енергетски поефикасна и со помалку загаденост. А со тоа РЕК Битола ќе стане електрана направена според европскистандарди.
Во меѓувреме ЕЛЕМ ќе заврши и модернизација на третиот блок на електраната, што ќе значи и поголема моќност.
Ова е само една од инвестициите кои се важни за сигурност во снабдувањето со струја.
Колку за илустрација- РЕК Битола покрива повеќе од 70% од вкупното производство на електрична енергија во земјата. Тоа практично е струја колку што троши половина Македонија.
Марина Доковска
Извор: ТВ СИТЕЛ
One Comment
Марија
а што ни користат тие 20 години, кога имаме јаглен за уште 12?
покрај тоа, јагленот што сега ќе почне Рек Битола да го користи, има поголема содржина на пепел, па ќе е потребно и дополнување од мазут, кој е поскап од јагленот. кај е коментарот за зголемувањето на цената на производство на електрична енергија? (сепак убаво е што ја модернизираат и подобруваат централата)