Денес е светскиот ден на енергетска ефикасност. Што и колку енергетската ефикасност значи за нашето општество имаме пишувано на нашиот блог. Но во кратки црти енергетската ефикасност значи ефикасно користење енергија без намалување на комфорот. Можеме да ја примениме како во нашите домаќинства така и во производните компании, услужните компании, јавни установи…буквално секаде.
Каква е состојбата во Македонија? Па верувале или не подобрување на енергетската ефикасност се работи уште од 1988 година, кога беше донесена програма за заштеда и ефикасно користење на енергијата до 2000. Според оваа програма беа реализирани околу 200 проекти воглавно во индустрискиот сектор.
Од тогаш па до денес донесен е голем број на стратегии и програми за енергетска ефикасност. Голем број на локални самоуправи имаа донесено програми за енергетска ефикасност. Исто така реализиран е поголем број на мали проекти – од инсталација на енергетски ефикасна јавна расвета, до вградување на нова енергетски ефикасна дограма на поголем број на јавни, претежно образовни институции.
Но сепак се уште мора да се работи на унапредување на концептот на енергетска ефикасност. Македонија е земја која има висок ниво на нерационална употреба на енергија, пред се во секторот на домување. Голем број на изградени станбени објекти е енергетски неефикасен а се уште не е донесен правилник за изградба на енергетски ефикасни објекти.
Искористување на обновливите извори на енергија е се уште на низок ниво. Досега е изграден мал број на соларни централи, а се уште немаме изградено ниту еден ветерен парк., проблем со монополи од областа на дистрибуција на нафта и гас….итн.
Инаку за самиот празник.
Овој празник е прогласен од страна на инженер Wolfgang Neumann уште во далечната 1992 година. Самиот еден о членови на ENERGY GLOBE фондација која што ја доделува ENERGY GLOBE наградата.