5 места кои можат да исчезнат како последица на глобалното затоплување
1. Малдивите.
Кој ги посетил ги посетил, кој не, тогаш нека побрза затоа што веќе е извесно дека за кусо време ќе ги нема од картата на светот. Со оглед на порастот на морето и со оглед дека повеќето нивни острови се на висина од околу еден метар над морското ниво, за нив веќе е касно за сè. Нивната влада активно бара ново живеалиште за нивните жители каде би можеле да живеат после потопувањето на нивната земја. Она што е интерсесно за нив е тоа што нивната влада ја одржа една од нејзините седници под вода, сè со цел да го привлече вниманието на светската јавност за нивниот проблем. Без разлика што ѝ го привлече вниманието, сепак нема што да се направи за да се спречи порастот на нивото на океанот.
2. Бангкок, Тајланд.
Бангкок е една од најпознатите егзотични туристички дестинации во светот. Но, сепак тој може да биде една од директните жртви на глобалното затоплување. Мошне урбанизираниот град веќе лежи на меко тло со големи подземни води кои му предизвикуваат големи проблеми. За време на сезоната на монсуните делови од градот се поплавени што предизвикува големи застои. Поради специфичната локација на градот и сиве овие споменати фактори се смета дека пред крајот на векот Бангкок веќе ќе биде целосно под вода.
3. Венеција, Италија
Малку е тешко да се поверува дека градот кој веќе со векови опстојува на вода може да потоне. Реалност е дека градот полека тоне и тоа е потврдено со мерења и испитувања извршени од реномирани научни центри. Без разлика што се прават напори за да се спречи тоа, сепак фактите велат дека градот тоне. Единственото прашање кое виси во воздухот е дали Венеција ќе биде една од најпознатите жртви на климатските промени и глобалното затполување.
4. Токио, Јапонија
Токио е една од најурбанизараните и најразвиени метрополи во светот. Сепак, во Токио е присутен феноменот наречен „топлински острови“, што значи дека автомобилите и локаните фабрики преку емисиите на CO2 предизвикуваат вештачка топлина при што се формира ефект на локална стаклена градина. Така, во градот има мошне високи темепратури кои полека стануваат неиздржливи. Се смета дека доколку не се преземат решителни чекори во справување со овој проблем градот ќе стане неиздржлив за живеење.
5. Островите Комодо, Индонезија
Овие острови се познати по својата природна убавина и по рептилите кои живеат на нив. Таканаречените Комодо змејови кои живеат на нив се во опаснот од изумирање како последица на глобалното затоплување и реални се шансите и нив да ги снема заедно со островите ако продолжи да се зголемува нивото на океанот како последица на глобалното затоплување. Исто така, едни од најубавите гребени кои се дел од овој екосистем можат да исчезнат како последица на тие промени.