ЕВН е заинтерсирана за инвестирање во Чебрен и Галиште, но засега се уште многу внимателно ги разгледува сите опции, рече денеска извршниот директор на „ЕВН Македонија холдинг“ Гинтер Офнер.
– Чебрен и Галиште е многу важен проект за иднината на македонската енергетика. Како сопственици на дистрибутивната мрежа во оваа земја, секако дека сме заинтерсирани што се случува. Внимателно ги проверуваме сите можности. Конечната одлука дали ќе инвестираме или не, ќе ја донесе Управниот одбор, но тоа не можам да го соопштам денеска, истакна Офнер на прес-конференција.
Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, денешната затворена дискусија за Чебрен и Галиште е дел од вообиачената постапка кога на претквалификуваните компании им се дава можност да постават одредни прашања до Владата и консултантите за техничките карактеристики на тендерот и евентално да дадат сугестии за поодбрување на документацијата.
– Има елементи во документацијата што не може да се подобрат зашто биле предмет на јавниот повик, но има и елементи во договорите што ќе им бидат дадени на увид на компаниите за да има подобрување. Тоа е нормално во ваква постапка, нагласи Пешевски.
Извор: КУРИР