Електронската опрема е составена од различни материјали кои ако се оставени во природата претставуваат голема опасност по здравјето на сите живи суштества, како и врз цела околина. На следната листа се опишани дел од најопасните елементи кои се наоѓаат во електронскиот отпад. За жал во Македонија речиси цел електронски отпад се наоѓа на отпадите кои не се соодветни за електронски отпад. Воедно, тие не се ништо повеќе од парче земја на кое се складира отпад. Ова е само скратена листа на едни од најопасните тешки метали кои може да се најдат како дел од електронскиот отпад.
Тешки и останати метали |
Е – отпад кој ги содржи |
Арсен |
Мали количини има во лед светилките |
Бариум |
CRT Монитори |
Берилиум |
Ел. Напојување |
Кадмиум |
CRT монитори, копири, батерии, тонери |
Олово |
CRT монитори, батерии, електрични плочи |
Литиум |
Литиумски батерии |
Жива |
Касети, флопи дискови |
Никел |
Батерии, CRT монитори |
Селен |
Фото копири |
Цинк Сулфид |
Внатрешноста на CRT монитори |
Арсен е отровен материјал кој може да доведе до разни заболувања на кожата и на нервниот систем. Хроничната изложеност на арсен може да предизвика рак на белите дробови кое најчесто е фатално.
Бариум е елемент којможе да се најде во флуоресцентни светилки и во вакуум цевки. Многу е нестабилна во чиста форма, формира отровни оксиди кога е во контакт со воздух. Краткорочна изложеност на бариум може да доведе до оток во мозокотот, мускулна слабост, оштетување на срцето, црниот дроб и слезината. Студиите откриваат дека долгорочните ефекти на хронична изложеност на бариум се зголемен крвен притисок и промени во срцето од внесување бариум во текот на животот се уште не се познати поради недостаток на податоци за ефектите.
Берилиум е од неодамна класифицициран како предизивикувач на рак. Се смета дека може да иницира појава на рак на белите дробови. Прашината од берилиум е она што е најопасно и најчесто се засегнати оние кои работат во близина на материјали кои ја содржат. Се смета дека таа може да предизивика т.н. Хронична берилиумова болест.
Кадмиумот може сериозно да влијае врз бубрезите. Кадмиумот може да се апсорбира преку дишењето и преку храната. Симптомите на труење со кадмиум се потење, главоболка, треска, болка во мускулите. Докажано е дека предизвикува рак на белите дробови, болести на коските и трајни оштетувања на бубрезите.
Олово е петтиот најраспостранет метал после железото, алуминиумот, бакарот и цинкот. Краткотрајна изложеност на олово може да предизвика повраќање, грчеви, кома па дури и смрт. Подолга изложеност може да предизвика мозочно крварење , мозочни оштетувања, прекин на работата на бубреззите. Особено е опасно неговото влијание врз здравјето на помалите деца кои се изложени на него.
Жива е еден од најпознатите токсични метали кои нашироко се користи во производство електронски апликации. Тоа е токсичен тежок метал кој предизвикува оштетувања во мозокот и во црниот дроб. Тој може да биде внесен во организмот преку дишење или преку храната. Електрични апарати во кои го има најмногу се батерии, некои прекинувачи и термостати и флуоресцентни светилки.
Комплетната листа на отровни тешки метали кои можат да се најдат во електронскиот отпад може да се најде овде.