Трилогијата Господарот на прстените беше и е инспирација за многу луѓе. Сајмон Дејл инспириран од куќарките на хобитите изградил слична куќа за себеси која патем спаѓа во енергетски ефикасни домови. Со помош на роднини и пријатели успеал за 4 месеци да изгради речиси идентична „хобитска куќа”. Притоа строго внимавал на материјалите кои ги употребувал и на животната средина. Звучи неверојатно, но тој успеал за само £3000 да изгради куќа во која сосема нормално може да се живее и која изгледа навистина фантстично. Ако се земат предвид материјалите кои се употребени таа цена би била уште помала во Македонија.
Куќарката зазема простор од околу шеесетина квадратни метри и за нејзина изработка се потрошени околу 1000 до 1500 човечки работни саати. При работата од страна на алат воглавно се користени пила, чекан и длето. Она што е интересно е што Сајмон го почнал проектот без никакво предзнаење или некој вид на образование за градежништво. Воглавно се водел од она што го видел како изработка на други места и тие искуства ги пренесол на овој проект.
Еднаш откога ја завршил, Сајмон скоро сите податоци и целиот процес на изработка на куќата го ставил на интернет, така што секој кој е заинтересиран може бесплатно да ги преземе сите нацрти и да си изгради ваков вид на куќарка и за него. На следната веб страна имате комплетно сè што ви треба за изработка на еден ваков објект.
One Comment
Pingback: Сончеви земуници – принципи на изградба #1 - Енергетска ефикасност