Следниот проект се однесува на сите љубители на добро пиво кои имаат проблем со куќиштето на нивниот компјутер, а при тоа не сакаат да трошат од нивните пари за пиво на ново куќиште. Доколку е таков случајот или едноставно не ви се даваат пари за ново куќиште, тогаш сè што ви треба е една гајба и маку време да ја претворите истата во функционално куќиште. На сликите подолу има во детали како да се претвори една пивска гајба од еден од пореномираните производители на пиво во светот во фукнционално компјутерско куќиште. Доколку имате познавање од составните делови од компјутерот, тогаш само од сликите ќе можете да претворите една празна пивска гајба во куќиште за компјутер. Монтирањето е релативно лесни и речиси сè што треба е уредно сместено во „новото куќиште”. Не игра улога брендот на пивото сè додека гајбата е од типот како онаа на сликите. По ништо не се разликува пивската гајба од оние на домашните производители на пиво во Македонија во конструкциона смисла. Би нѝ причинило големо задоволство доколку видиме некоја пивска гајба која е од домашните пивари да биде претворена во слично пивско куќиште. Ова е само уште еден креативен начин за реупотреба на материјали.