Истражувачки тим од Истражувачкиот центар за материјали во Фрајбург (Freiburg Materials Research Center), предводен од проф. д-р. Инго Кросинг, развива нов систем кој треба да произведува метанол од јаглерод диоксид и водород. Тие се надеваат дека во скоро време ќе можат да ја искористат енергијата на CO2 во поголем размер во одржлива форма на производство на енегија.
Со цел да произведат метанол, Кросинг и неговите соработници го комбинираат јаглерод диоксидот со водород во услови на висок притисок, процес познат хидрогенолиза. Голем дел од учесниците во истражувањето подолги години се занимаваат со проучување на метанолот.
-Нашата цел е да развиеме нов метод на соединувањена двете материи, со цел да се забрза хемиската реакција уште повеќе – велат истражувачите.
За постигнување на таа цел, тие ги користат металните оксиди на бакар, цинк и циркониум како катализатори, кои овозможуваат да дојде до реакција и на ниски темпертури, со што не треба да се троши енергија за претходно загревање на гасовите. Заедно катализаторите формираат еден цврст порозен материјал, кој ако се состои од наночестички, неговата активност станува многу поголема.
Истражувачите исто така експериментирале и со техники при кои што катализаторите се импрегнираат со јонизирани течности, како соли во течна состојба, кои го покриваат катализаторот со тенок слој. Ова помага при соединувањето на рагирањето на катализаторот со CO2 и водородот, со што побрзо се солободува метанол и вода. Научниците се убедени дека за две години ќе бидат во можност да произведуваат големи количини на метанол користејќи ја оваа техника.
Основната идеја е да се користи CO2 кој се испушта од термоцентралите или топлификациските постројки, со филтрирање на издувните гасови. Вака добиениот метанол би се користел најмногу кај возилата. Според нивните пресметки, ако се искористат 10% од годишните емисии на CO2 во Германија за добивање на метанол, со тоа би се покрила годишната потреба на земјата за гориво.