Во насловот на написов намерно е употребен терминот енергија, бидејќи понекогаш иако употребуваме електрична енергија, наша примарна потреба е некој друг вид енергија (топлинска или механичка). Локацијата на потреба од енергија често е добро позната – домовите и индустриските објекти, но локацијата на производството на самата енергија
Во основа постојат два различни типа на енергетски проекти според местото на производство на енергијата и големината на капацитетот за производство – централни системи (познати како централи) и дисперзирани системи.
Централниот систем за производство на енергија може да биде термоцентрала, хидро централа, соларна централа, ветерна централа или друг систем кој има за цел да произведе големи количина на енергија. Самиот проект се стреми да биде лоциран релативно далеку од местото каде што се користи енергија. Кога се зборува за генерирање на мегавати на моќ тогаш се зборува за централно производство.
Од друга страна, дистрибуирани системи се помали проекти кои се наоѓаат во близина на местото каде што енергијата се користи. Соларни фарми на покривите на зградите кои користат соларна енергија се примери на дистрибуирани проекти за производство. Таков пример може да бидат и котилите за производство на топлотна енергија во сите објекти.
Разликите помеѓу овие два концепта се големи. Концептот на централизирано производство се темелеше на индустрискиот развој и потребата за специјализација на индстријата т.е. да се избегне комплицираноста секоја фабрика да произведува сопствена енергија (во време на производство на енергија од фосилни горива или хидро енергија).
Концептот на дисперзирано производство како концепт постои паралелно со централното производство, но неефикасноста и неефективноста (во претходниот век) допринело овој концепт да се употребува многу ретко. Имено во претходниот век во кој се одвиваше инустријализацијата, енергетските објекти се градеа онаму каде има ресурси (фосилни горива и хидро потенцијали). Во овој век работите се менуваат со унапредување на технологиите за обновливи енергии. Сега е многу полесно (и поефтино) да се стави сопствен капацитет за соларна енергија за сопствени потреби и да се произведува доволно енергија за вашата мала индустрија, така да овој концепт е се поверојатен во наредните години.
Она што може да се најде како пречка во реализација на вториот концепт е државата и монополите за производство и дистрибуција на енергија. Штитејќи го својот интерес и удел во профитот наречен дистрибуција на ел. енергија, овие фактори можат преку (не)донесување на прописи да го спречат развојот на овој концепт и поставување на самостојни дисперзирани системи. На пример, кај нас не постои можност за производство на енергија и приклучување на дистрибутивниот систем без регистрирање на фирма. Иако и за оваа постои решение преку формирање на енергетска кооператива, сепак неговото реализирање е исто така тешко.
Предности | Слабости | |
Дисперзиран систем | Намалени загуби во однос на дистрибуцијата Намалени загуби во однос на трансформација на енергијата Проектирање според потребите Поефтина енергија Почиста енергија |
Непостоење на резервни варијанти Поврзување со дистрибутивниот систем Непостоење на регулатива Потребно одржување за некои типови на системи |
Централен систем | Централизирано производство на енергијата Отворени работни места Стабилно производство |
Загуби при производство Загуби при дистрибуција Еколошко влијание при лоцирање на големи објекти (термоцентрали брани) Употреба на фосилни горива Инертни системи |
2 Comments
Alban
Mnogu interesna tema , bidejki rabotime vo fabrika i imame ogromni fakturi za EE (kade sto 2/3 e za Maksigrafot, dali ima moznost za investirane vo fotovoltaici ili mala hidroelektrana , toa est (samostalnost od prenosniot sistem).
Игор Мишевски
Здраво Албан,
Благодарам на твојот интерес на ова тема. Генерално најдобра можност за инвестиција е инвестиција во солани фотоволтаични панели, бидејќи доколку се поминат сите услови опишани во овој пост: https://energetskaefikasnost.info/osmeli-se-investiraj-vo-soncheva-centrala/ ќе добиете ел. енергија, која може да ја продате по субвенционирана цена, и да имате поголема исплатливост на проектот.
Втора опција е да се направи целосна енергетска ревизија на процесите во вашата фабрика, и со намалување на реактивната моќност да се намали потрошувачката, или да се воведат други начини на заштеди на ел .енергија.
Поздрав