Кога размислуваме за набавување на штедливи светилки, прво што ќе нѝ падне во очи е дека нивната цена е повеќе пати поголема за разлика од класичните светилки. Таа цена е уште поголема кога се работи за реномираните производители на штедливи светилки. Таа може да се движи од 4-7 евра по една светилка. Но, она што го забораваме во такви ситуации е дека и покрај високата цена на штедливите светилки, тие трошат помалку електрична енергија и имаат и до 10 пати зголемен работен век.
На конкретен пример ќе покажеме колку е поисплатливо да се купи штедлива светилка отколку класична. Ќе споредиме две светилки: класична од 100 W и штедлица светилка од 23 W. Претпоставуваме дека двете светилки ќе светат во просек 5 часа дневно и ќе ја ставиме единствена тарифата и цената на таа тарифа од 3,34 ден.
Класична светилка по овие параметри годишно ќе потроши околу 182 kWh, што по цена од 3,34 денари изнесува 607.88 денари
Штедлива светилка по овие параметри годишно ќе потроши околу 42 kWh,што по цената од 3,34 денари изнесува 140.28 денари.
Како што можеме да видиме, вкупната заштеда што ќе ја оствариме со купување на штедлива светилка изнесува 467,6 денари. Ако ја имаме во предвид колкава е заштедата и колку чини една штедлива светилка, можеме слободно да донесеме заклучок дека инвестицијата се враќа за помалку од една година!
Сепак, не е сеедно какви штедливи светилки ќе купиме. Мораме да имаме во предвид дека штедливите светилки од реномираните произведители имаат подолг век на користење и гаранција која ќе Ви овозможи да ја замените светилката во разумен период. Од друга страна, штедливите светилки од „no name” произведители немаат гаранција, имаат пократок век на користење и во голем број на случаи ќе немате можност на враќање доколку светилката Ви се расипе.
4 Comments
Devil
Проблемот со штедливите светилки од типот на халогнки, кој најчесто купувачите не го гледаат, е следен
тие имаат ограничен век на траење, односно на секое пакување од светилките пишува за колку вклучувања и исклучувања се, исто така пишува и колкава е луминентноста
една светилка од реномирана фирма има во просек 10,000 вклучувања и исклучувања
а една светилка од некоја „чудна“ фирма има само 8,000 вклучувања и исклучувања
исто така со тек на време колку повеќе стојат уклучени овие светилки (од која било фирма) нивната луминентност се намалува, односно се намалува светлината која ја репродуцираат и станува мат према жолта некоја нијанса.
Добра замена се LED ламбите ги има нај различни, многу помалку трошат, не загреваат имаат брз старт (не како кај халогенките се чека некое време да загреат па светат со полн сјај).
Ако по вашата математика (погоре спомнатата) се пресмета потрошувачката на една LED ламба од 5W тогаш идиме до заклучок дека таа ламба троши 9kWh годишно енергија и сето тоа нас не кошта 30 денари 🙂
што е каде каде по прифатливо.
Исто така сега се работи на OLED осветлувањата кој ќе можат да покријат голема површина со многу помалку енергија отколку кај LED диодите, замислете да имате таван или ѕид од просторија кој цел би светел, а имате потрошувачка од 100 денари годишно 🙂
Предраг Стојковски
Devil благодариме за исцрпниот коментар. Се надеваме да Владата на Македонија пред се ќе ги намали увозните царини на ЛЕД и штедливи светилки како и да го намали ДДВ од сегашните 18% на 5% и на таков начин ги приближи кон купувачите.
Сашо
Искрено, не верувам дека со 5W распоредени во небитно колкав број LED диоди би се постигнало доволно добро осветление. Барем не со квалитетот на оние LED диоди кои најчесто ги сретнувам. Да не се разбериме погрешно, и јас сум поборник за LED осветление. Можеби си во право, но дури и да не си, моја груба проценка е дека истиот ефект на осветление во најлош случај би се постигнал со 15W (а сигурен сум дека е помалку од 15) што е сеуште двојно помалку од класична штедлива светилка. Но најинтересниот дел е што не многу одамна, развиен е уште поинтересен систем – Plasma Light Bulb. Мислам дека е интересно да го разгледате: https://www.youtube.com/watch?v=lTGsM9pplUs
Ова би требало да овозможи уште поголема заштеда, а истовремено уште подобро осветлување.
Devil
Сашо, постојат LED диоди со висока сјајност, тие се малку поскапи ама вреди да се инвестира во ним. Треба сепак да се внимава и каде ќе бидат поставени, пошто не секаде се сака висока сјајност и чиста „бела“ светлина, негде е подобро да имаме мат жолта..
Што се работи за плазма сијаличките, можеби се подобри, ама цената на производство ќе ја крени и цената на продажба, бидејќи не се произведуваат масовно во големи количини овие светилки ќе бидат прескапи за нашиот пазар.