Користењето на електричната енергија повеќето од нас го земаат како здраво за готов, нешто кое не следува и е дел од цивилизираниот свет. Сепак, во многу земји електричната енергија е луксуз за кој може само да сонуваат. Џим Ривс и Мартин Ридифорд е тим од двајца дизајнери/иноватори кои се подпишани на иновација која треба да биди алтернатива за керозинските ламби кои ги осветлуваат домовите во земјите од третиот свет иако сигурно дека таа иновација би била добредојдена и во многу Македоски домови. GravityLight или гравитациона светилка е името на нивната иновација која треба да донесе бесплатна и евтина светлина секаде каде ја нема.
GravityLight е евтина пред се поради тоа што е со едноставен дизајн. Имено станува збор за една ЛЕД светилка која е приклучена на мало динамо кое е придвижувано од мал подвижен механизам. Механизмот е придвижуван од една обична платична торба која се полни со камења или земја. Гравитацијата е таа која ја врши цела работа и која ја придвижува торбата полека надолу. Торбата го придвижува механизмот кој е ограничен на една мала константа брзина која е доволна за придвижување на динамото кое ја напојува светилката. Така со едно кревање на торбата полна на одредената висина се додека се симни на земја светилката може да свети околу 30 минути. За пак да почни светилката да свети се што треба е да се закачи торбата пак на врвот и циклисот ќе почни одново да се повторува. За повторно ставање во положба за да почни да генерира светлина потребни се околу 3 секунди.
На овој начин е избегнато користење на батерии или потребата од било каков извор на електрична енергија. Светилката може да работи се додека истата не се скрши или не ги надмини предвидените работни часови за една таква светилка. Иако во момемнтот Gravity Light се продава за $10, дизајнерите на истата очекуваат цената со време да се намали на $5. Се со цел собирање на средства за развој на овој проект неговите творци собираат средства преку она што е познато како crowdfunding. Досега тие преку indiegogo.com имаат собрано многу повеќе од тоа иницијално што им требаше. Сепак тие се надеваат да соберат уште повеќе како GravityLight би влегол во сериско производство и би бил достапен на повеќе луѓе во третиот свет.