Една од најчесто обработуваните теми на порталот Енергетска Ефикасност се зелените градби; разните видови, нивните карактеристики, нивните ефекти врз околината често пати компарирајќи ги со класичните градби. Досега имаме пишувано за куќи од слама, монтажни куќи од дрво, куќи од бродски контењери, земуници и голем број на други видови на кои тешко се води евиденција со оглед дека ги има доста. Во продолжение мал осврт на куќите од метални конструкции кои патем се достапни на пазарот во Македонија ама за кој впечаток е дека премалку се знае а премногу се шпекулира. (поради некомерцијалната природа на текстот нема линкови до компаниите кои ги изведуваат). За причините зошто не се толку распространети веројатно се истите како и кај монтажните куќи од дрво за кои впечаток е дека пополека го освојуваат пазарот барем во Скопскиот регион. Но ова не е текст кој ќе анализира што повеќе се гради, зошто е така и слично. Ова е текст во кој накусо ќе бидат опишани монтажните куќи со челична конструкција. Во продолжение накусо за нивните карактеристики па и по некој недостаток споредено со класичните градби.
Високиот степен на заштеда на топлинска енергија е карактеристика на монтажните куќи кои се со метална конструкција. Термичката изолација и квалитетната пластична дограма која е вградена во нив овозможува заштеди до 50% на ладење и греење во однос на класичните градби. Тоа дека металните куќи се сеизмички едни од најиздржливте градби е од големо значење, земајќи го во предвид фактот дека Македонија е подрачје за кое земјотресите не се непознаница ова треба да се земи како сериозна предност во однос на класичните градби. Друга предност е долгиот животен век и минималните одржување кои се потребни во текот на годината. За споредба кај монтажните куќи од дрво животниот век е околу 50 години а и дрвото бара редовно одржување. Што се однесува до дизајнот тука нема ограничување, можат да бидат во сите големини, форми и замисли.
Слично како и кај монтажните куќи од дрво овде се нуди клуч на рака готов објект за не повеќе од 6 недели. Така да заборавете на мајстори кои се мотивираат со ладно пиво секојпат кога ќе дојдите во контрола на објектот. Kај нив нема проблем со влагата. која е голем и чест проблем кај класичните градби. Исто така вреди да се спомени дека доста се поевтини од класичните градби. Со цена од околу 280 евра по метар квадратен за клуч на рака речиси и да нема споредба со другите видови на куќи. Веројатно недостаток во очите на повеќето Македонци е тоа што еднаш кога ќе се изградат нема можност за надградба, што е карактеристика и кај монтажните куќи од дрво. Со оглед дека на пролет почнува градежната сезона останува да се види колку од нив ќе никнат во пролет 2013.
Пред крај едeн краток одговор на едно легитимно прашање од еден пријател: “Како тоа овие градби се поевтини а сепак во толку категории подобри од класичните градби?”
Обично кога ќе се чуе за некој производ дека е под цена прво што повеќето луѓе мислат дека е или од Кина или има некој недостаток. Иако во повеќето случаеви тоа е така, тоа не е случај со монтажните еко куќи изработени од метална конструкција. Речиси секој податок во смисла на термичка изолација, употребени материјали, квалитет на изработка лесно се проверува и нема многу простор за манипулација. Причината за ниската цена е што поголемиот дел од работите се изработуваат во фабрика а се монтираат покасно на терен. Фактот дека можи да се произведат во фабрички услови и тоа дека малку денови се потребни за монтажа на истите на локацијата за градба значително ја смалува цената на овие видови градби. За споредба кај класичните градби мора да се земи во предвид дека се се прави на лице место и тоа од високо платени мајстори на кои им треба доста повеќе време за изградба на сличен објект.
3 Comments
Мартин
Дали знае некој кои претпријатиа изработуваат вакви монтажни куќи?
Предраг Стојковски
Колку што ние е познато компанијата Кобил од Битола прави вакви објекти
Slavica Pejcinoska
Dobar den,
se interesiram za vakvi montazni kuci.. Da li e mozno, da mi ispratite cenovnik, kako se dvizat cenite na ovie objekti. Ispratete mi cenovnik na pomalite objekti sto se samo na prizemje.
Slavica Pejcinoska