Ова е традиционален годишен настан кој ги обединува европските и светските клучни фигури од секторот на енергетиката кои се инволвирани во процесите на планирање, развој и споделување на стратегии, енергетски политики за иднината на регионалниот развој и иновативни идеи за нови проекти. Во 2012 година, ја имавме привилегијата да бидеме домаќин на истакнати светски експерти во енергетиката кои говореа за многу важни прашања кои ја засегнуваат нашата блиска иднина. Еден од најзначајните резултати од овој настан беше идентифицирањето на шемите и програмите значајни за успешна регионална соработка и развој на енергетиката, технологиите за развој на зелената енергија и чистиот јаглен, големиот потенцијал на гас од шкрилци како и идните теми кои ја засегнуваат неизвесната иднина и несигурноста на средината во која живееме.
Овој настан е организиран како одговор на акумулираниот јавен интерес за отворена дискусија за проблемите поврзани со напредокот на предстојната либерализација на пазарите на електрична енергија во регионот. Представници од државната администрација, енергетските компании, операторите на мрежата, трговците и производителите на енергија, невладини организации, екперти од областа, консултанти, банки заедно со представници на европските институции ке дискутираат за либерализацијата на енергетските пазари во регионот во контекст на третиот либерализациски пакет и предстојниот акционен план за либерализација на регионалните пазари.
Учесниците ке разговараат за очекуваните ефекти од донесените измени во регионалното законодавство за енергетика, реструктурирањето на енегетските компании, улогата на националните енергетски и еколошки регулатори во новата ситуација во енергетиката, како и други актуелни прашања. Се очекува да бидат предложени екпертски идеи за нови модели, реформи и нови проекти кои имаат за цел диверзификација на снабдувањето со енергија и стабилизација на енергетските системи во насока на подобрување на регионалната енергетска сигурност.
Повеќеза конференцијата на следниот линк