Пироќанците се познати како многу штедливи луѓе, нешто слично како кај нас што се Прилепчаните. Имено Јовица Пешиќ од Пирот направи уред кој што овозможува заштеда на гориво, кое што се троши во моторите со внатрешно согорување. Заштедите идат и до 50%.
Иновацијата на Јовица, помина низ голем број на тестирања, направени на Машинскиот факултет во Ниш, а резултатите се толку охрабрувачки, па се очекува и сериско производство на овој уред,
„Она што е интересно е дека резултатите на овој уред се подобри на постарите автомобили, кој што се и најзастапени во Србија. Со инсталацијата на мојот уред на еден стар трактор, успеав да направам заштеда од преку 50% што е навистина извонреден резултат“, изјави Јовица Пешиќ.
„Реакторот се поставува во издувниот систем на моторот. Основниот дел на уредот е посебен сад во кој што се става дестилирана вода, која што е неопходна за работење на реакторот. Исто така се поставува и посебен систем на термоотпорни црева и специјален усисник кој што се поставува на усисната грана на моторот“, изјави Јовица, додавајќи дека уредот дава и позитивни резултати кога се работи за емисијата на штетните гасови.
„За време на работењето на моторот, се создаваат гасови кој што се горливи а не се користат за добивање на енергија во самиот мотор. Овој уред го прави тоа- оние гасови кој што можат да се искористат како енергент се искористуваат во самиот цилиндер на моторот. Според испитувањата направени на Машинскиот факултет во Ниш емисијата на јаглерод-моноксид е намалена за три пати“, изјави Јовица Пешиќ.
Извор: Б92
Извор на сликата: doznajemo.com
One Comment
ivica
Pretpostavuvam deka ova e veke izmislena rabota i se koristi veke mnogu poodamna kaj avtomobilite odnosno (EGR valve) i deka covekov go ima napraveno vo domasni uslovi so toa sto imal.Principot na rabota e pokazan na linkot
https://www.youtube.com/watch?v=lL_ElXQVJo8