Изградба на фамилијарен дом не мора да биде скап потфат, барем доколку се водиме според насоките по кој што се водат еко-градителите. Основата на еко-градбата е во користење на материјали кој што се поволни и достапни.
Кај нас и во светот постојат системи на рециклирање кој што во поголема или помала мерка функционираат, но одредено количество на отпад кој што завршува во улица. Но тоа не мора да биде така. Овој отпад може да биде искористен за нешто конструктивно – изградба на објекти за станување.
Она што можеби ќе Ве изненади е да пластичните садови и другите пакети, кој што вообичаено се фрлаат, можат да се искористат како градежен материјал. Овој „отпад“ има добри технички карактеристики и поради тоа може да се искористи како градежен материјал. Дополнителна предност на овој материјал е тој што овој „отпад“ е речиси бесплатен или пак значително поевтин од класичниот градежен материјал.
Големи количества на пластичната и друга амбалажа, остануваат неискористени иако имаат голема употребна вредност. Така на пример стаклената амбалажа, поточно стаклените флаши се извонредно јаки и поради поволната структура можат да бидат искористени како градежен материјал. Во светот има голем број на позитивни примери на станбени објекти изградени од стаклени флаши. Така на пример во С.А.Д. во местото Риолит во американската држава Невада пред 66 години е изградена куќа од стаклени флаши. На Нови Зеланд постои мотел кој што е исто така изграден со стаклени флаши.
Според направените истражувања 48 компактни стаклени боци издржаа дури 4.500 килограми на вертикален притисок. Импресивно доколку го земеме во предвид фактот дека некој градежни материјали декларирани на cca 500 килограми на вертикален притисок.
Еколошка градба
Кога зборуваме за еколошка градба, битно е да ги спомнеме и основите на пермакултура кој што се основа на секој еколошки проект. Се работи за принципи кој што во себе обединуваат и рециклирање на материјали како што се гуми, стакло и слично, како и користење на природни материјали. Самиот назив го осмислија Бил Молисон и Дејвид Холмгрен од англискиот збор „permanent agriculture“.
Добар пример на еколошка градба на Балканот е рециклирана фарма во селото Вукомериќ во непосредна близина на Загреб и еко село Блатуша.
Извор: 24Вести