Од 13 – 15 јуни во Битола започнува првиот Балкански самит за одржлив развој – Ајде да ја создадеме нашата одржлива иднина!.
Три дена за запознавање на луѓе кои се и кои сакаат да бидат активни во одржливиот развој!
Мрежата на unaVision соединува луѓе и организации кои би сакале да соработуваат заедно на покренување иницијативи за одржлив развој. Бидете дел од неа!
Првиот Балкан Самит за одржлив развој ќе биде првиот настан од ваков вид во регионот. Соединува заедно актери во рамките на одржливиот развој од Македонија, соседните земји и остатокот од Европа. Луѓето доаѓаат заедно за да ги споделат своите знаења, приказни и визии со цел да започнат да развиваат и ко-создаваат проекти.
Што да очекувате: раскажување приказни, микро-учење, посетување одржлив простор и инспиративни мрежни дијалози и соработка со многу други одржливо настроените луѓе.
Во Петок, животни водичи ќе ве предводат до нивните омилени локации во Битола и околината и ќе споделуваат идеи за одржлив начин на живеење. Во Сабота луѓе кои се веќе активни во одржливиот развој, ќе ги споделат своите приказни и знаења во мали сесии. Во Недела луѓето се поканети да креираат заеднички одржливи проекти. Бидете дел од тоа!
Учесници:
заинтересирани лица кои сакаат да учат и да станат активни
лица поединци или како дел од организација од сектори кои веќе работат активно во област поврзана со одржливиот развој (социјални, еколошки, храна, домување, туризам, енергија, итн)
претприемачи кои сакаат да создадат нови услуги и производи во својата област
невладини и непрофитабилни организации, образовни, истражувачки и научни области, од владини агенции, здруженија, фондации, индустрија и услуги
Бројот на луѓе не е толку важен колку квалитетот и мотивацијата на луѓето. Покануваме луѓе да ни се придружат од Македонија, земјите од Балканот, остатокот од Европа и светот!
Цели:
- создавање на заедничка визија за одржлива иднина
- да се запознаеме едни со други
- споделување приказни и знаење
- ко-создавање идеи за заеднички проекти и создавање прототип
- стекнување на знаење за алатки, методи и зелени вештини
Резултати:
- филмски клипови за луѓе и нивните приказни
- прототипови на проекти и визии во различни формати (од видот уметничко дело, театарски претстави, соѕвездија, графикони, цртежи, модели, поезија, раскази, песни)
- документарен филм за Визионерски Марш и Балкан Самит
- брошура за луѓето, нивните приказни, визии и резултатите од Самитот
One Comment
Pingback: Балкански самит за одржлив развој Битола - Фотогалерија