Во четврток, 22.03.2012 година, Агенцијата за енергетика на Република Македонија во соработка со Стопанска комора на Македонија организира настан – трибина „Невладини организации и здруженија на граѓани во секторот енергетика и заштита на животна средина“. Трибината ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 12:30 часот.
Ова е прва иницијатива од ваков тип и целта на овој настан е на исто место да се соберат претседателите и извшните директори на сите релевантни невладини организации и здруженија на граѓани каде ќе може да се поразговара за нивниот начин на работа, инволвираноста во секторот енергетика и животна средина, потребата од поддршка при спроведување проекти и секако можноста за понатамошна соработка. Покрај тоа, на трибината ќе се дискутираат заедничките интереси и идни иницијативи.
Сите заинтересирани да испратат e-mail на aleksandra.kapsimalova@ea.gov.mk.
Извор: Агенција за енергетика