Френк Прингл е името на иноваторот кој измислил машина која рециклира секакви видови отпади, пластика, гума, при тоа вадејќ од нив нафта и гас. Се работи за машина која е еден вид на микробранов емитер кој ги екстрахира гасот и нафтата кои се скриени во разните предмети (барем оние кои содржат хидрокарбонати). Според иноваторот комерцијаната верзија на машината секој час ќе преработува 10 тони отпад во природен гас со што ќе произведува околу 17 милиони BTU енергија.
Прингл ја изумил машината пред десетина години откако се оближил до голем оган и почнал да размислува за енергијата која се ослободува. Заминал дома и фрлил парчиња гума во микробранов емитер на кој што работел за друг проект. Парчињата се претвориле во нешто што наликувало на пепел и Прингл ги фрлил на студениот под на лабораторија. Неколку часа подоцна на истото место видел мала локва нафта.
Петроелумот е составен од хидрокарбонски молекули. Кога микробрановите удираат во гумата, тие ги разбиваат молекуларните врски и ја разградуваат гумата во нејзините составни делови: јаглерод и хидрокарбонатни гасови кои можат да се горат или кондезираат во течно гориво. Прингл размислувал дека некои гасови од разградената гума останале присутни и дека студениот воздух во лабораторијата ги кондензирал во дизел гориво. Ако процесот работи со гума, тогаш би требало да работи со се друго што има хидрокарбонати. Трикот бил да се најде оптималната микробранова фреквенција за секој материјал за што постоеле 10 милиони можности.
Прингл поттрошил 10 години и 1 милион долари барајќи ги овие фреквенции. Во 2004 – та почнал да работи на комерцијалниот пробив на машината. Првата нарачка е во изградба во Рокфорд, Илиноис. Машината чини 5,1 милиони долари и е со големина на помал автобус. Наменета е за автомобилски рециклер од Лонг Ајленд, Њујорк. Во најава се и други зделки: американската војска би можела да ги користи овие машини во Ирак, за добивање на нафта и гас од стаклени шишиња и контејнери за храна.