Осум држави, членки на Европската Унија, одлучи да инвестира околу 47 милиони евра во поттикнување на иновациите во секторот на биоенергијата. Bioenergy Sustaining the Future (BESTF) претставува иницијатива која што треба да ги обезбеди потребните инвестиции во развој на заедничките проекти – се до пред комерцијалната фаза на технологијата.
Државите кој што зедоа учество во оваа иницијатива се: Данска, Финска, Германија, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија. Британскиот министер за енергетика, John Hayes, по повод на отворањето на натпреварот изјави:„Биоенергијата има голема улога во нашите енергетски сектори и воедно таа ни овозможува да ја намалиме емисијата на CO2. Исто така таа ќе ни овозможи отворање на нови работни места, како и зголемен економски раст, како на национален, така и на меѓународен ниво. Оваа програма ќе му помогне на бизнис секторот да создаде различни иновативни проекти со комбинирање на инвестиции кој што ќе дојдат како од приватниот, така и од јавниот сектор, а се со цел да се создаде технологија, која што подобро ќе го искористи овој вид на енергија.“
Натпреварот е отворен до седми мај 2013 година, а додела на првите парични средства за поттикнување на развојот на биоенергијата ќе почне од 2014 година.
Повеќе за самата иницијатива, можете да видете на службената страница на Bioenergy Sustaining the Future (BESTF)