Високите цени на електричната енергија не создаваат големи проблеми само во Македонија, туку и во другите, побогати држави. Во посебна состојба е Германија – новите законски прописи кој што ги поттикнуваат користењето на обновливите извори на енергија како и откажувањето од нуклеарната енергија, ги натераа германските индустријалци да се адаптираат на новите пазарни правила а се со цел да ја задржат својата конкурентност на глобален ниво.
Така на пример BMW планира да изгради неколку ветерни турбини, со вкупна инсталирана моќност од 26 MW. Планираните ветерници ќе бидат лоцирани во Лајпциг, во непосредна близина на нивната фабрика за производство на автомобили. Планираниот капаците за производство на електрична енергија, ќе ги покрие 25% потреби за електричната енергија. Од BMW најавуваат дека секој нивен капацитет ќе има инсталиран погон за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и се надеваат дека сите енергетски потреби на нивните фабрики ќе бидат 100% покриени од обновливи извори на енергија.
BMW и други германски производители на автомобили, во последните неколку години направија големи чекори кон својата енергетска независност. Покрај BMW и Daimler AG направи чекор кон енергетска независност. Имено оваа компанија ја започна изградбата на гасната постројка која што се наоѓа во кругот на нивната фабрика на камиони во Вурт, додека Volkswagen најави изградба на пет нови електрични централи.
Sebastian Bolay, аналитичар на енергетските политики во DIHK, изјави како секој втор индустриски капацитет во Германија веќе произведува или планира да произведува електрична енергија во своите фабрики. Вкупните индустриските капацитети на Volkswagen трошат повеќе енергија од Јамајка, а оваа година ја започнува изградбата на 70 MW гасна централа и најавува изградба на уште пет нови централи.
„Новите проекти ја осигуруваат нашата енергетска независност и ни дава пристап кон посигурни извори на снабдување“, изјави Raimund Wunder, раководител на секторот на изградба на нови електрични централи Volkswagen.
Благодарејќи на 300 MW термо централа на јаглен, кој што е изградена во Волсбург, Volkswagen веќе сега произведува електрична енергија со која што ги задоволува своите потреби, поточно 63% од своите потреби, кој што изнесуваат околу 4.3 TWh.