Црногорските иноватори направија агрегат кој што ќе го уништи црногорското електро стопанство, а богами и другите електро стопанства требаат да внимаваат на овој уред. Овој производ привлече внимание на локалните бизнисмени, додека инженерите беа внимателни и со скепса го анализираа овој уред.
Автономен механички агрегат за производство на електрична енергија, е име на патентот осмислен од страна на троица црногорски иноватори, а кој што беше претставен на промоцијата во Тиват.
Претставувањето на овој производ предизвика голем интерес а граѓаните на оваа мало место, но и скептични коментари од страна на луѓето од струката, кој што не веруваат дека групата на иноватори предводена од страна на Милан Бојовиќ од Жабљак, успеаја да ги надминат важечките закони на физика.
„Овој уред е решение за добивање на едноставна, еколошки чиста енергија, која што може да се искористи на секое место. Агрегатот може да биде мобилен, монтажен-демонтажен или пак автономен. Уредот ја искористува иницијалната енергија – еднонасочна електрична енергија од батерија од 12V која пак го покренува електромоторот, а овој електромотор по пат на посебен преносен систем, го покренува генераторот кој што по пат на исправувач, произведува наизменична електрична енергија со напон од 230V“.
„Помалиот дел на генерираната енергија се враќа назад и ја полни батеријата од 12V, додека поголемиот дел на произведената електрична енергија е спремен за снабдување на сите оние потрошувачи кој што функционираат на напон од 220V.“ објаснува господинот Бојовиќ, додавајќи да не може да ги открие подеталните податоци на функционирањето на овој агрегат.
„Во овој момент, можеме да димензионираме, конструираме и да произведуваме агрегати која што функционираат на принципот кој што ви го објаснив. Овие агрегати можат да бидат со инсталирана моќност од 1 киловат па и до 2 мегавати.“ вели Бојовиќ, додавајќи да нивниот патент овозможува стабилно и независно снабдување со електрична енергија, од станбени објекти до јавното осветлување.
Присутните бизнисмени покажаа голем интерес за овој уред, додека стручната јавност беше скептична. Присутните инженери изјавија да додека овој агрегат функционира како што велат неговите конструктори, тоа неминовно ќе го угаси електро стопанството на Црна Гора, како и сите други слични претпријатија.
Бојовиќ и неговите колеги кој што работеа на овој агрегат се членови на „Здружение на балканските менаџери“, а правниот застапник на нивниот патент е адвокатот Ратко Пантовиќ.
„По едногодишното испитување на уредот, истиот го регистриравме и добивме сертификат од страна на Заводот за заштита на интелектуалната сопственост на Црна Гора. Во текот е постапката за признавање на патентот од страна на 124 држави потписници на меѓународната конвенција за заштита на интелектуалната сопственост.“, изјави адвокатот Ратко Пантовиќ.
Извор:Vijesti
One Comment
гоце
Teoretski nevozmozno, no vremeto ke pokaze dali proektot e realen i tehnicki ostvarliv. Mnogumina se obidele no dosega nikoj ne uspeal da napravi perpetum mobile.