Минатиот месец Данска на располагање имаше 1 GW (да добро прочитавте се работи за 1 GW), инсталирана моќност на offshore ветерници, што е доволно за напојување на 25% на енергетски потреби на ова нордиска држава.
Првин да го појасниме терминот offshore ветерници – се работи за ветерници кој што се инсталирани на морето.
Но иако Данците располагаат со, ќе признаеме со импресивни капацитети за искористување на ветерна енергија, тие немаат намера да застанат – тие си поставија нова цел: 50% од своите потреби за електрична енергија до 2020 година, да биде добиена од инсталираните offshore ветерници. За да ја реализира оваа цел, Данците немаат намера само да инсталираат нови капацитети за искористување на ветерната енергија, туку ќе преземе низа на мерки, како што е примена на нова енергетска политика и примена на нова технологија која што ќе ја зголеми енергетската ефикасност.
Данската влада, со усвојување на нови цели, од 35% до 2020 на 50% до 2020 година, одлучи да ја забрза енергетската трансформација и да до 2050 година биди 100% независна од фосилните горива.
И покрај амбициозните цели, основната препрека кон поголемата имплементација на обновливите извори на енергија се јавува проблемот на преголемото производство на електричната енергија во однос на потрошувачката, како и сезонскиот недостигот на електричната енергија. Поради ова е создаден посебен систем на извоз на енергијата во Норвешка и Шведска, каде што шведските хидроцентрали играат улога на „големи батерии“ во вкупниот енергетски систем. Но праксата покажа да понекогаш ни овој создаден систем не можеше да го издржи преголемото производство на електричната енергија во Данска, така да оваа држава мораше да плати на другите држави за да го преземат вишокот на произведената електрична енергија.
Данците во моментот работат на решавање на овој проблем, а поради интензивниот развој на offshore ветерници, во моментот се имплементираат различни видови на штедење на енергија, но како и ова во иднината нема да биде доволно се надеваат на побрзо решавање на овој проблем.