Со новата одлука на Владата на Република Македонија, инвестирањето во поедини видови на енергија ќе биде поисплатливо а во некои не. Конкретно повластените feed in тарифите (откупните цени на електричната енергија од обновливи извори на енергија), со последната одлука на владата се сменија. Електричната енергија добиена од фотоволтаичните централи ќе се откупува по 16 евро центи по произведен киловат час, наместо досегашните 30 евро центи. Намалувањето важи и за оние кој што сакаат да инвестираат во поголеми капацитети.
Од друга страна, оние компании кој што сакаат да инвестираат во централи на биогас и биомаса, мини хидроцентрали и ветерници, ќе имаат поголема цена за произведен киловат час за разлика од фотоволтаичните централи. Исто така, новината кај повластените тарифи е дека откупната цена ќе биде иста без разлика на инсталираната моќност на централите.
Според информациите на дневниот весник „Дневник“, ќе се зголеми капацитетот предвиден за фотоволтаичните централи, поточно од сегашните 10, кој што е во целост искористен, на 18 мегавати. Од друга страна, биогасните капацитети ќе се намалат од 10 на 6 мегавати, но цената на произведен киловат час од централите на биогас ќе се зголеми од сегашните 15 на 18 евро центи. Цената на произведен киловат час добиен централите кој што користат биомаса, од исто така ќе се зголеми од сегашните 9 на 15 евро центи.
Предложената цена на произведен киловат час од малите хидроцентрали, кој што ќе се градат на системите за наводнување изнесува 6,5 евро центи.
Како што известува ТВ „Алфа“, иако предлогот поминал на владина седница, членовите на владата донеле одлука уште еднаш да се анализираат предложените тарифи.
Основната причина за донесување, поточно корекција на повластени цени на произведената електрична енергија од обновливи извори на енергија, е да се стимулираат инвестициите во други видови на обновливи извори на енергија, конкретно биогас и биомаса. За жал Македонија, се уште нема изграден капацитет за искористување на биомасата и биогасот за производство на електрична енергија.
3 Comments
Dimeski Zvonko
Многу „убава “ цена , и плус „многу развојна “… Цели 9.84 денари од откупен киловатчас енергија … а јас индустриска струја плакам над 10 денари …
Со овие цени , место за 5-7 години ке си ги вратите Вашите вложени пари во соларна фотонапонска централа за 12-15 години и таман тогаш ќе заврши лиценцата за откуп на струја со повластена тарифа…
Ако не одлучат цените да бидат , барем 0,25 евра/KWh за централа до 50 KW и да речеме 0,2 евра/KWh за тие централи над 50 KW , НИШТО ОД БИЗНИСОТ …
ПОздрав и секое добро
Dimeski Zvonko
Господа од Влада !!
Оставете ги овие квоти , дајте , донесете го другиот закон , на кој сите чекаме ..
Дозволете обичен човек да може без многу документи и плакање да добие можност да постави неколку киловати панели на покривот на својот дом .
Да произведува струја , која ЕВН ке ја откупува , па дури и по обична , домашна тарифа од ( не сум сигурен ) од 0,1 евро од KWh или подолу …
Дозолете , обичниот човек САМ ДА СИ ЈА ПРОИЗВЕДУВА сопствена струја што ја троши .
Ем ке го задоволиме планот до 2020 година да 20% од струјата да биде од обновливи извори , ем народот нема да плака никакви сметки за струја.
Верувајте , ова ке биде многу подобро за сите , отколку новите лиценци ..
Поздрав и секое добро
Lovro
Vakvata cena za fotovoltajcite e de stemuliracka , vo zemja kade sonceto e vo znameto , i bi trebalo golem del da se prekrie so fotovoltajci , se predlaga cena koja so narednoto poskapuvanje ce se izednaci so redovnata , ne odete po svetov da barate investitori gi ima i vo Makededonija i toa mnogu ama stimulirajte gi kako stranskite.