Денес во целиот свет со низа на манифестации ќе биде обележен Денот на планетата Земја, а се со цел луѓето да се потсетат во каква состојба се наоѓа нашата планета. Основната цела на обележување на 22 април е укажувањето на проблемите со кој што се соочува нашата планета, поради интензивниот развој на индустријата како и поради пораснати енергетски потреби, кој што доведоа до зголемени количества на штетни супстанци и гасови во нашата атмосфера.
Во Македонија, Денот на планетата Земја во Скопје беше обележан уште вчера со хепенинг во Зоолошката градина во Скопје, во организација на невладините „Уметност на живеење Македонија“, „СУНА“, „Банка за храна Македонија“ и „Арт Лајф“.
Исто така вчера во Битолскатаа Зоолошката градина во соработка со неладината организација „Биосфера“ беше одбележан Денот на планетата Земја
Денот на планетата Земја е установен уште во далечната 1970 година во С.А.Д. по одржаната еколошка акција која што се одржа на 22 април.