На Денот на планетата Земја, на 22 април, во Сиетл е отворена најзелената комерцијална зграда во светот наречена „Bullitt Center“.
Оваа зграда има вкупна површина од 4.645m2 и поседува голема листа на еколошки карактеристики. Соградена е од одржливи материјали, поседува специјализирани тоалети за компостирање и системи за собирање на дождовница. Своите комплетни енергетски потреби ги добива со користење на сончевата енергија, што е доста импресивно земајќи го во предвид малиот број на сончеви денови во Сиетл.
Комплетниот систем за добивање на електрична енергија, поточно комплетниот сончев систем за добивање на електрична енергија е поставен на покривот на оваа зграда. Системот за собирање на дождовница ќе ги задоволи сите потреби за вода. Дополнителните сертифицирани FSC дрвени плочи, тоалети за компостирање, како и системи за искористување на геотермалната енергија, зборуваат за тоа зошто оваа зграда ја доби титулата за најзелената зграда на светот.
Погледнете го следното видео кое што го прикажува процесот на изградбата на оваа зграда: