Земјоделците од источна Македонија, фино се досетиле како купиштата „невредна“ слама да им донесе заработувачка. Од нејзе започнале да произведуваат, таканаречени пелети, или мини брикети.
Во основа тоа е пресувана слама, која според добрите познавачи, содржи исклучително висока топлинска калорична вредност и е идеална замена за огревното дрво.
Идејата, сламата да му носи профит, Богољуб Митев – земјоделец од штипското село Врсаково ја добил пред повеќе од една деценија, при посета на агро- саем во Германија. Од пред некоја година, успеал, истата да ја преточи во пракса.
– Очекуваме нова опрема за обработка на сламата. Од септември, првите количини ќе ги испорачаме до големите производители на топлинска енергија , топланите во земјава и странство, вели Богољуб Митев, земјоделец од штипското село Врасково, производител на овој карактеристичен вид на енергенс.
Дневното производство од 15 и годишното од околу две илјади тони сламени брикети или пелети, го зголеми интересот кај балканските соседи, македонската слама да им ги грее домовите.
– Интерес пројавија клиентела од Грција, Бугарија и Србија, а за наши, овдешни потенцијални купувачи, подвлече Митев.
Земјоделците се задоволни од овој начин на заработка. Ја очекуваат поддршката од државата.
– Во интерес на државата е да ја помогне оваа нова за нас профитабилна дејност. Единствени сме на Балканот, зошто тогаш да не добиеме соодветна државна финансиска поддршка, смета Коста Ташков, земјоделец од штипското село Криви Дол.
Годишно во Македонија на нивите остануваат импозантни 160 илјади тони слама. Во штипско- карбинскиот регион 4160 тони. Со други зборови. Пари како слама можеби нема, но пари во сламата, и те како има.
Дејан Ефремов
Преземено од: КАНАЛ 5
2 Comments
SLAVE
ИДЕЈАТА НЕ Е НОВА! НА ИНТЕРНЕТ ИМА ИДРУГИ БЕЗБРОЈ ПРИМЕРИ! НО ИНВЕСТИЦИЈАТА ЗА ОБИЧЕН ЧОВЕК Е ГОЛЕМА! МОЖЕ ДА СЕ ПЕЛЕТИРААТ И ДРУГИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ОТПАДОЦИ!
Диети
Е што е голема инвестицијата. Има брикетирки за 3-4 илјади евра.