Светски рекорд кој се спротивставува на сите познати закони на физиката, се случува во Калифорнија. Збор е за електрична светилка која повеќе од еден век продолжува да работи во пожарникарскиот оддел во Ливермор – Калифорнија.
Ливермор, американски град на истокот од калифорнија, на 8 јуни 2011 година го прослави 110 роденден на електричната светилка која помалку повеќе свети без прекин од 1901 година. Сосем необичен рекорд. Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за „најстарата позната електрична светилка„ во светот. Овој факт го признаа дури и претседателот на С.А.Д., американскиот конгрес, сенатот, како и сенатот на државата Калифорнија.
Многу медиуми досега известувале за светилката. Една шпанска медиумска куќа направи емисија во која се говореше, како некогаш производите биле правени да траат долго и како во 1920 година група бизнисмени се состанале и донеле одлука за производство на производи со послаб квалитет, како не би им се намалила можноста за поголема заработка. Од тој состанок наваму, производите имаат помал век на траење.
Оваа светилка минатата година го прослави својот 110 роденден и за среќа е произведена пред „кобен„ датум за потрошувачите. Таа припаѓа на инкадесцентните електрични светилки кои ги измислил Адолф А. Шаилет (Adolphe A. Chaillet). Оваа рачно дувана светилка со карбонски влакно е произведена во Шелби електрик (Shelby electric company). Денис Бернал сопственикот на „Levermore Power & Light” компанијата ја поклонил оваа светилка во 1901 година на пожарникарскиот дом во истиот град. Тогаш е и прв пат вклучена.
Четирипати е преселувана во различни одделенија, но не престанала да работи повеќе од времето колку е потребно да се пренесе се до 1937 година кога пожарникарскиот дом е реновиран. Во тој период е исклучена една недела. Во текот на првите 75 години, е приклучена на градската електрана на моќност од 110 волти, каде имало проблеми со напонот а не на помошниот генератор кој работел во случај на недостаток на електрична енергија.
Во 1976 година, под комплетна полициска и противпожарна придружба е пренесена на сегашното место во 6-тото противпожарно одделение на источната 4550 авенија, во Ливермор. Тогаш е приклучена на посебен извор на струја од 120 V и е во непрекидна работа до ден денес. Поради страв од оштетување, пред транспортот кој траел само 22 минути, кабелот бил откинат, како не би било потребно нејзино одвртување и пренесена е во специјално заштитена кутија и поставена на денешната локација.
Светилката почнала да работи на 60 W а моментално свети на 4 W. „Никој не знае зошто и ден денес свети„ вели Лин Овенс, пензионираниот шеф на противпожарната служба и претседателот на комитетот кој беше одговорен за прославата на 110 роденден на светилката. Градот Ливермор и пожарникарскиот дом имаат намера да ја остават светилката непрекинато да свети до нејзиното самостојно прекинување со работа. Оваа енигма ги интересира и научниците, но засега не најдоа никакво рационално објаснување. Откога е објавен нејзиниот рекорд, забрането е да се полира и со тоа е и забраната за научниците да и се приближат.
Извор: магазин КЛУЧ