Милиони луѓе во земјите во развој немаат пристап до електрична енергија. Еден од најиновативните начини за да се донеси светлина во домовите на тие луѓе е со помош на специјално дизајнирана фудбалска топка. Фактот дека речиси во секоја точка од светот фудбалот е мошне популарен и речиси нема каде што не се игра фудбал ги инспирира и мотивира четири постдипломци од Харвард да дизајнираат топка која произведува електрична енергија. The Soccket како што ја имаат наречено воопшто не се разликува по изгледот од класичните фудбалски топки. Разликата е во механизмот кој се наоѓа во средината на топката кој ги претвора движењата на топката во електрична енергија која потоа може да се користи за осветлување, полнење на батерија на мобилен или за работа на некој помал уред.
На работата на овој проект беше започнато уште во 2008 година. Првиот прототип беше готов во 2009 година, кога беше и тестиран во Јужна Африка. Иако топката беше нешто потешка од класичните топки таа со воодешувавње беше прифатена од децата во Јужна Африка. Подоцна во 2010 беше изработена финалната верзија на топката која произведува електрична енергија. Во оваа верзија се вгради механизам кој реагира секој пат кога ќе се шутира топката за разлика од стариот механизам кој се придвижуваше за да проиаведи електрична енергија секојпат кога топката ќе одскокнеше од земјата.
Одкога беше развиена финалната верзија на топката беше започната програмата “Купи една, подари една” (buy one, give one). Така секојпат кога некој во Западниот свет ќе купеше една топка, една топка се донираше на некои деца кои живеат во неразвиен регион од светот. Она што е најинтересно е тоа што овој проект беше забележан и од поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, кој имаше само пофални зборови за оваа иницијатива и кој се заложи за неговата имплементација. Во моментот има стотици вакви топки распространети насекаде низ светот.