Постојат бројни дебати околу влијанието на електричните апарати врз нашето здравје и животната средина. Додека едни научници велат дека нема цврсти докази дека мобилниот телефон може да Ви наштети, други тврдат дека ваквите апарати го разградуваат Вашето здравје и се одговорни за најразлични состојби, како заморот и агресијата.
Силното електромагнетно поле (EMF) од 50 до 60Hz (херци) и поврзаната електромагнетна радијација (EMR) се особено штетни за нас. Дологото изложување ги зголемува веќе постоечките здраствени проблеми и предизвикува чувство на замор, расдразливост, агресија, хиперактивност, пореметување на сонот и емоционална нестабилност. Сѐ повеќе поединецот станува чувствителен на ова зрачење и тврди дека го чувствува присуство на EMR полето. ЕMR постои околу електричните инсталации, апарати, секако кај некои апарати тоа е посилно. Особено се опасни мобилните телефони, телевизорите, CRT мониторите…
Избегнете го тоа поле бидејќи неговиот распон е од неколку метри. Особено внимавајте во текот на ноќта бидејќи тогаш пиналната жлезда е особено активна. Спијте во темница, не пред телевизор, затоа што така го стимулирате имунитетниот систем да произведува мелатонин. Исклучете ги сите апарати додека спиете. Оддалечете го вашиот кревет од електричните инсталации поставени во ѕидовите. Кај телевизорите постојат и штетни Х зраци кој се лоцирани пред телевизорот, на две до три должини од дијагоналата на екранот, мониторот создава повеќе EMR бочно, затоа користете трослојни филтери за мониторот. Значајно е да ги заземјите сите метални делови од станот, креветот, прозорците и друго. Опасно е и не е здраво да го прикачите електричното заземјување на водоводната инсталација.