Пред една недела преминавме на летното пресметување на времето. Можеби не знаевте, но оваа пракса на менувањето на времето се применува поради енергетските причини.
Праксата на менувањето на времето за еден час понапред/поназад, е стара скоро еден век – поточно од времето на Првата светска војна. Основниот аргумент за ваков начин на менување на времето беше поради заштеда на енергијата. Во меѓувреме поедини држави се откажаа од ваков вид на пресметување на времето, а во С.А.Д. се појави уште еден аргумент.
Во ноќта помеѓу саботата и неделата (30 на 31 март), во поголем дел на Европа и во некои други држави, сатот се поместува за еден час напред. И покрај тоа што оваа поместување на времето се одвива во пролетниот дел на годината, време кога во поедини делови на нашата држава се уште има снег, започнува летното пресметување на времето.
Оваа мерка прв пат озбилно почна да се анализира уште во 19 век. Првиот предлог беше даден во 1895 година од страна на новозеландскиот ентомолог Џорџ Хадсон, а десет години покасно, сличен предлог беше даден од страна на британскиот научник Вилијам Вилет, кој што како пасиониран играч на голф сакаше уште еден дополнителен час на дневна светлина.
Заштеда на јаглен во Првата светска војна
Германија и нејзините сојузници во првата светска војна, прв пат почнаа со праксата на летното пресметување на времето, пред се за да заштедат јаглен, кој што во тоа време беше главен енергент. Наредната година и Велика Британија ја презеде праксата на летното пресметување на времето, а аргументот беше истиот како и на Германија – заштеда на јаглен. Од кога се заврши првата светска воја, поголем дел на европските држави ја напуштија оваа пракса, освен Велика Британија и помал број на други држави. Но Втората светска војна, ги натера европските држави наново да ја усвојат праксата на летното пресметување на времето.
Енергетската криза во 90-тите наново го воведе летното пресметување
По 1945 година летното пресметување на времето беше различно. Во поедини држави, поради големите протести на земјоделците и на учителите, летното пресметување на времето беше елиминирано. Но енергетската криза во 70 сетите години па покасно во 90 – сетите години наново го актуализира летното пресметување на времето. Така на пример поранешната СФРЈ во 1983 година прв пат го воведе летното пресметување на времето.
И покрај направените истражувања, кој што даваат докази дека летното пресметување на времето, донесува енергетски заштеди, особено кога станува збор кај јавното осветлување, од друга страна постојат други теории и истражувања која што ги демантираат овие тврдења. Така на пример овие теории велат дека летното пресметување на времето, не донесува никакви заштеди, а кога се пресметаат сите дополнителни трошоци, како што се прилагодувања на големите постројки во индустрискиот сектор, клучниот аргумент за пресметувањето на времето паѓа во вода.
Праксата за летното пресметување на времето, се уште се применува во скоро цела Европа, Северна Америка и во некој други држави.
Летното пресметување на времето во Русија
Русија пред две години, по скоро три децении на летното/зимското пресметување на времето, воведе нова пракса – вечно летно пресметување на времето. Тогашниот претседател на Русија, Дмитри Медведев, изјави дека оваа промена ќе има позитивни ефекти кон руските граѓани – намален стрес и други болести.
Разлики помеѓу Европа и С.А.Д.
Додека часовниците во Европа се менуваат во последниот викенд во март, во С.А.Д. тоа го прават три недели порано. Ова е резултат на влијание на силните лоби групи како што се големи трговски синџири, кој што успеа да извршат притисок кон конгресмените, за дополнителни три недели со повеќе дневна светлина во вечерните часови, а резултатот на оваа интервенција резултираше со поголема продажба.