Српското министерство на градежништво и урбанизам вчера додели дозволи за издавање на „енергетски пасоши“ на 31 претпријатие.
„Од денес 31 претпријатие во Србија има лиценци да доделува енергетски пасоши.“, изјави ресорниот српскиот министер за градежништво и урбанизам Велимир Илиќ, на церемонијата на доделување на дозволите.
За да некое претпријатие добие лиценца за издавање на „енергетски пасоши“, тоа претпријатие треба да има двајца лиценцирани инженери.
Министерот Илиќ потсети дека од септември 2012 година ниту еден ново изграден објект не може да добие употребна дозвола доколку нема „енергетски пасош“.
„Енергетскиот пасош“ е документ кој што содржи општи податоци за изградениот објект, климатски и термотехнички податоци, како и препораки за подобрување на енергетските карактеристики на објектите.
Со правилникот за „енергетскиот пасош“ се утврди категоризација на објектите во осум енергетски класи – од „А+“ ознака за најголема енергетска ефикасност до „G“ што претставува најмала вредност.
Новите објекти мораат да имаат „С“ категорија што значи дека потрошувачката на енергијата (топлинска и електрична) не смее да биде поголема од 65 kWh по еден метер квадратен на годишно, што е на ниво на европски просек.
„Пасошот“ ќе мора да се вади и кога објектот се реновира, продава или пак издава. Викендичките, објектите помали од 50 метри квадратни, помоќни објекти и производни погони кој што се загреваат на помалку од 12 степени Целзиусови немаат потреба од „енергетските пасоши“.
Старите објекти ќе мораат да се унапредат за најмалку една категорија, поточно ќе мораат дополнително да се изолираат, заменат прозорците и слично.
Српскиот министер Илиќ изјави како Србија треба да ги искористи поволните кредитни линии на Светската банка, како и други поволни кредитни линии за да ја подобри енергетска ефикасност во станбените објекти.
Студијата изработена од страна на ресорното министерство покажа да во наредните десет години, може да се создаде работа за 100.000 работници кој што би работеле на подобрувањето на енергетската ефикасност на старите станбени објекти.
Министерот изјави дека очекува од српската влада да ги повлечи првите чекори и дека ќе ги искористи можностите за подобрување на енергетската ефикасност на објектите. Според министерот Илиќ, 20% од сите куќи во Србија нема фасада, и дека поради ова Србија се наоѓа помеѓу најголемите потрошувачи на енергија во Европа.