Во Македонија јавните служби учествуваат со учество од 9,2% во вкупната крајна потрошувачка на електрична енергија. Тоа воопшто не е процент за потценување и е релативно голем во однос на земјите од ЕУ. Како напредуваме кон ЕУ ние ќе мораме да го намалиме тој процент на потрошувачка во јавниот сектор. Трите најголеми потрошувачи на енергија се образованието, здравството и владините инститиции. Според некои статистики најмногу се троши на загревање на простории, работа на електрични апарати, климатизирање и за загревање на вода.
Повеќето објекти се стари и се во лоша состојба. Генерален заклучок за сите е дека се мошне енергетски неефикасни. Она што е заедничко за повеќето објекти е дека се:
– Стари повеќе од 20 години со делумна или никаква термичка изолација.
– Неефикасни системи за греење и ладење. Речиси без исклучок за згревање се користат стари и неефикасни котли на мазут или нафта за загревање. За ладење се користат клима уреди кои трошат големи количини на енергија.
– Обновлива енергија речиси и да не се користи.
– При набавката на опрема не се внимава на енергетската класа на истата.
– Неефикасно осветлување
– Мала или никаква термичка изолација на објектите
Позитивни примери
Со помош на странски донации во дел од училиштата се заменети старите прозорци и врати со термички поефикасни прозорци
Се обрнува поголемо внимание на едукација на учениците за придобивките од енергетската ефикасност од страна на НВО секторот
Болницата СВ. Еразмо во Охрид има вградено соларни панели за топла вода
На зградата на министерство за транспорт и врски се поставени фотоволтаични панели
Приватните инвеститори кои инвестираат во нови здравствени установи инвестираат во термичка изолација согледувајќи ги бенефитите од истата
Основното училиште „Видое Подгорец“ во С. Колешино има фотоволтаични панели на својот покрив.
Како до зголемена енергетска ефикасност.
Неинвестициски мерки за зголемена енергетска ефикасност
Подобрување на односот на вработените во однос на користењето на електрична енергија
Оптимизирањето на температурата во работните простории
Исклучување на вентилацијата на простории кои не се користат
*Едно испитување извршено во Холандија покажало дека со примена на овие мерки може да се заштеди до 20% електрична енергија.
Инвестициски мерки за зголемена енергетска ефикасност
Термичка изолација на градбите
Генерирана заштеда од околу 50% на енергија . Рок на траење е 40 години. Има повеќе видови на изолација како што е изолација на надворешни ѕидови, кровна, подна и др. Секој вид нуди различен степен на енергетска ефикасност. Најдобри резултати со примена на сите заедно.
Степен на корисно дејство на опремата
Можности да се генерира заштеда над 20%.
Замена на старите системи за греење со нови поефикасни системи.
Со замена на старите котли со нови поефикасни, замена на гориво, вградување на регулациони системи, подобрување на термичка изолација на цевководот за пареа и др. Можности да се генерира заштеда до 35%
Користење на обновливи извори .
ЕУ и енергетската ефикасност
Како потенцијална членка на ЕУ Македонија е потписник на голем број договори со кои се обврзува за подобрување на енергетската ефикасност во земјата вклучително и кај јавните служби.
Како напредуваме во интегративните процеси овие директиви ќе станат облигаторни и нема да има можност за заобиколување на истите.
Од зградите во јавниот сектор се очекува да бидат водечки во исполнување на директивите кои доаѓаат од ЕУ, а кои треба да бидат стандард за сите видови на згради.