Речиси во секој момент има по неколку грант програми кои се достапни за организациите и поединците во Македонија. Секоја од нив има свои критериуми кои треба да се исполнат сè со цел да влезите во потесниот круг на кандидати за добивање на грант од содветната програма.
Следните грантови се отворени за аплицирање и поддржуваат „зелени проекти“. Затоа ако имате некоја „зелена идеја“ која би придонела за почиста и помалку загадена Македонија треба да аплицирате за грант од следните грант програми:
– ЦИП програмата е доста позната програма во овие краеви. Нуди доста можности за малите и средни претпријатија. Еинствена пречка е долгата административна процедура и времето кое е потребно за да се посвети на припрема на проектот. За повеќе информации кликни овде.
– ИПА проекти за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Ова е добра прилика за многу НВО организации да аплицираат за заеднички проект. Со буџет од преку 5 милиони евра има голем потенцијал за изведба на различни зелени проекти. За дополнителни информации кликни овде.
– Програма за мали грантови од амбасадата на САД. Американската амбасада поддржува голем број на проекти низ Македонија. Доколку имате добар проект тој сигурно ќе биде сооветено евалуиран и ќе добиете грант. Потребните документи за аплицирање и правила се овде.
– Ако сте жена – претприемач тогаш можете да аплицирате за програмата за женски иноватори. Доколку ги исполнувате некои од условите кои се наведени тогаш можете до една од првите три парични награди. 100.000 евра за првонаградената, 50.000 второ место и 25.000 евра за третото место. Правилата и условите за пријавување се овде.