Како што ја започнавме оваа недела, така ќе ја и завршиме – со вести од Црна Гора. Но пред да ја прочитате оваа статија да Ве замолам да гласате за нашиот блог – номинирани сме во категорија за најдобар блог во Македонија
Храбро иновативно,единствено во Црна Гора. Ова се зборовите на архитектите кој што ја предложија фамилијарната куќа на Набојша Аџиќ за награда на Европската Унија за модерна архитектура – Mies van der Rohe. А што се зборуваа соседите на Небојша кога ја видеа куќата, која што има рамен кров, без прозорци насочени кон улица.
„Фасадата која што е насочена кон улицата нема отвори, што предизвикува разни асоцијации кај минувачите. Навистина добивав разни коментари. Се сеќавам на еден коментар – „Не се секирај ќе го направиш кровот, кога ќе имаш повеќе пари„. Некој ми велеа дека за се е крива странската музика….“ зборува Небојша Аџиќ.
Но било како било, Небојша е човек кој што согради прва енергетски ефикасна куќа во Црна Гора. Куќата е компактна, па нема големи топлотни загуби. Направена е од локални материјали: дрво и тула. Ѕидовите се направени од тула со изолација од 8 cm и со фасадна облога од четинари, поставена на дрвена подконструкција, со што е формирана така наречена „ветерна фасада“, со воздушен слој од 5 cm.
Конструкцијата на помеѓу катниот таван е направена од лепени ламелирани дрвени греди, кровната конструкција е направена од решеткасти дрвени ЛКВ носачи со термоизолација од 20 cm. Прозорците се застаклени со трослојни нискоемисиони стакла. Куќата има подрум, приземје и спрат. Просторот наменет за дневни активности е сместен на приземјето, ноќната зона е на кат.
„Греењето е решено со инсталирање на топлотна пумпа со инсталирана моќност од 6kW и ја користи бунарската вода која што има просечна температура од околу 10 ˚C. Системот на греење и ладење се реализира по пат на ѕидно греење и ладење. Кога ја градев куќата таа ме излезе за околу 50 евра поскапо по квадрат, отколку да ја градев на конвенционален начин. Но моите вложувања ќе се вратат за период од 5-10 години само од заштедите направени за греење и ладење.“
Извор: ekokuce.com