Хрватскиот министер за економија не создаде 10.000 нови работни места и не го раздвижи хрватското стопанство со планираната енергетската обнова на старите станбени згради.
Доколку во Хрватска би се појавила некоја банка, која што ќе понуди кредит за енергетска обнова, поточно кредит со кој што би се изолирала некоја зграда или некоја куќа со камата од 1% на годишен ниво, со почек од една година и ако на оваа понуда додадеме и државна помош од околу 15.000 евра на бесповратна помош, тогаш поголемиот дел на хрватските граѓани нема да ги загрижува поскапувањето на електричната и топлотната енергија. Сега сигурно се прашувате која држава нуди такви поволни услови? Хрватска не, Македонија исто така не нуди такви услови, но Германија со ваков модел обнови неколку десетина илјади објекти, го раздвижи своето стопанство и сочува околу 300.000 работни места.
Но за разлика од Германија, ова не се има случено. Па зошто пропадна планираниот модел на енергетската обнова на објектите во Хрватска, кој што требаше, како што рековме погоре да го раздвижи хрватското стопанство? Првобитниот план имаше две основни цели –заштеда на енергија и раздвижување на градежниот сектор. Со реализацијата на втората цел ќе се создадеше неколку илјади нови вработувања, барем така беше планирано.
„New deal“ на поранешниот министер Чачиќ, предвидуваше енергетска обнова на 500 згради. Но до сега се отворија само 40 тендери со вкупната вредност од 80 милиони куни (околу 10 милиони евра). Причината за неуспешниот енергетски „New deal“ беше една спорна идеја – градежниците кој што инвестираат свои пари во енергетската обнова, требаа да гарантираат заштеда на енергија, без разлика на однесувањето на станарите/корисниците на тие објекти – да ли во зимскиот период ќе држат отворени прозорци, на пример. Секако дека заштедата на енергијата со неодговорното однесување на корисниците/станарите ќе ги елиминира/намали ефектите на топлинската изолација.
Значи градежните компании ќе подигнат кредит по камата од 4% без грејс период, треба да гарантираат заштеди а станарите…станарите да бидат неодговорни. Нема логика. Па и да го направат тоа, каматата во Хрватска е голема, за разлика од каматата во Германија – 4% во Хрватска, 1% во Германија, кредит кој што го дава германската KfW (Kreditanstalt für Wiederaufbau) банка, банка која што е во државна сопственост, како Хрватскиот HBOR. Кога ова го слушнаа германските стручњаци, на собирот за енергетска ефикасност во Рур, буквално останаа бес текст. Но Хрватите не се единствени, Шпанците го имаат истиот проблем.
„Зошто градежниците да го преземаат вкупниот ризик? Зошто корисниците или станарите на објектите не подигнат кредит и нека со кредитот ги платат градежниците. Каматата ќе ја вратат крос реализираните енергетски заштеди“, прашаа Данците.
Ева Аурих и нејзиниот сопруг од германското гратче Ботроп, по енергетската обнова на својата куќа годишно заштедуваат 1.810 евра. Кога не дочекаа, носеа маици со кратки ракави, додека надворешната температура изнесуваше 4 степени Целзиусови. Куќата е изградена уште во 1958 година, со вкупната површина од 269 m2.
„Пред околу една година ни се расипа бојлерот за топла вода, кој што беше стар 20 години. Мајсторот дојде, ја виде состојбата и ни рече дека нема логика да купуваат нов бојлер, бидејќи многу ќе го платат а ќе имаат големи енергетски загуби. Наместо тоа ни предложи да ја изолираме куќата. Викнавме проектант кој што го изработи проектот, а вкупната обнова траеше 2 месеци. Презадоволни сме. Не се работи само за топлинска изолација, туку и за звучна изолација. Соседите ни завидуваат, а некој од нив исто така се одлучи да го направи она што и ние го направивме. Поставија нова квалитетна дограма, таванот го обложија со 12 cm дебела камена волна, која што се покажа како најфункционална и најсигурна изолација.“
Но за да го направат ова, Ева подигна кредит од KfW банка во износ од 30.000 евра, со каматна стапка од 1% на годишен ниво, а државата му обезбеди грант од 15.000 евра. Кредитот го враќат преку остварените заштеди 1810 евра. Ова е само почеток на проектот под име „InnovationCity„ со кој што се планира обнова на 70.000 куќи во наредните 10 години, а до 2020 година се планира намалување и на штетните емисии на CO2.
Да се надеваме дека македонската влада ќе го искористи овој пример на успешна и неуспешна пракса на инвестирање во зголемување на енергетската ефикасност.
Извор: Јутарњи лист