Ви вчерашниот пост зборувавме за тоа како една фарма можи (и од кои извори) да стани енергетски независна фарма. Како што рековме, една фарма со мешовито производство може да стани енергетски независна фарма со користење на обновливи извори на енергија – од соларна до искористување на биомаса. Еве и конкретни бројки за тоа:
Количество на топлотна енергија од различни извори
Постројка која што директно ја согорува отпадната биомаса (слама, кочанки…) – 150.000 kWh
Когенеративна централа на биодизел – 8.000 kWh
Биодизел од маслодајната репка, сончоглед или соја (1000 литри) – 10.000 kWh
Топлотна пумпа од 7.0kW – 32.800 kWh
Соларни колектори 20m2 – 16,0000 kWh
Ова е што се однесува на топлотната енергија. Што се однесува до електричната енергија:
Фотонапонски соларни модули 3 kw – 28.500 kWh
Ветерен генератор 6 kw – 8.500 kWh
Електричниот дел од когенеративна централа на биогас – 16.450 kWh
Клучно прашање е колку ова чини?
Значи доколку ги искористиме сите обновливи извори на една фарма структурата на инвестицијата би изгледала:
Топловоден котел на биомаса со инсталирана моќност од 70 kw
Соларни колектори 20m2 – 4.200 евра
Топлотна пумпа од 7.0kW – 10.000 евра
Когенеративна постројка на биодизел – 16.000 евра
Биодизел од маслодајната репка, сончоглед или соја (1000 литри) преса – 700 евра
Фотонапонски соларни модули 3 kw – 15.000 евра
Ветерен генератор 6 kw – 15.000 евра
Вкупно:60.900 евра
На спомнам дека во предвид се земени просечни „заокружени„ цени.
Идната недела за тоа како да го исфинансирате овој потфат!