Пред скоро два месеци пишувавме за тоа дека во Србија се планира изградба на најголема соларна централа во светот. А денес добивме вест дека во Србија ќе се инвестира околу 4 милијарди долари во обновливи извори на енергија.
Имено претседателот на американската компанија New generation power Dr. Chirinjeev Kathuri најави изградба на нови енергетски постројки во Србија, во вредност од 4 милијарди долари. Електро стопанство на Србија објави дека Kathuri најави дека неговата компанија заедно со конзорциум со други енергетски компании ќе потпиши писмо на намери за изградба на 1430 мегавати на енергетски капацитети.
„Се работи за изградба на соларни централи со инсталиран капацитет од 50 MW, централи кои што користат биомаса со капацитет од 200 MW, 450 MW на ветерни паркови и 680 MW на големи хидроцентрали.„, изјави Kathuri на дебатата „Запознајте ја Србија како инвестициона дестинација„.
Конзорциумот ќе го сочинуваат фирми како што се: Toshiba, Martifer Group, ORENCO Hydropower, Jones Lang LaSalle.
“Во Белата книга н а ЕПС пронајдовме потенцијал за искористување на обновливи извори и доколку Србија сака да биди дел на ЕУ, треба да се спреми за 2020 година каде што 20% од произведената енергија треба да биди „зелена„ енергија„, изјави Kathuri.
Инаку настанот „Запознајте ја Србија како инвестициона дестинација„ е одржан во организација на „Пријатели на Европа„, под покровителство на Владата на Р. Србија и со поддршка на ЕПС, Транснафта и на Дунав осигурување.
Како истакна ЕПС, претставникот на германската компанија RVE изјави дека заедничката компанија за изградба на 5 хидроцентрали на Велика Марава , веќе работи и дека се во тек геолошките истражувања.
„Се планира изградба на 5 хидроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 150 MW и со годишно производство од околу 650 милиони киловат часови„
Почеток на изградба на првата хидроцентрала се планира во 2014 или 2015 година.