Македонската индустрија е една од енергетски најинтензивни индустрии во Европа. Нашата држава има четири пати поголема примарна потрошувачка на енергија по единица на бруто домашен производ за разлика од државите на ОЕЦД. За последните десет години, потрошувачката на електрична енергија е зголемена за околу 11%, а увозот на електричната енергија се зголемува секоја година. Овие податоци се претставени од страна на Драган Блажев, на презентацијата на Проектот за индустриски менаџмент, кој што е поддржан од американската Агенција за меѓународен развој – УСАИД, каде што компаниите ќе се едуцираат како да бидат енергетски ефикасни.
„Околу 29,3% од потрошената електрична енергија е потроши во индустрискиот сектор, а по сектори, металуршкиот сектор 59%, секторот на градежни материјали 15%, а групацијата на храна и тутун 7%.“, изјави Драган Блажев.
Според Блажев, високото учество на енергетските трошоци во крајната цена на производот има големо влијание и на конкурентноста на индустриските производи, а тоа се рефлектира на вкупниот резултат на економските резултатите на компаниите. Од овие причини, компаниите имаат потреба за воспоставам технички системски стандарди за заштеда на електрична енергија ISO 50001.
„Компаниите во иднина ќе мораат да воспостават систем за управување со енергијата, како еден дел на вкупниот систем на работење.“, изјави експертот за енергетска ефикасност Данчо Узунов.
Според Узунов, конкурентската битка ќе ги натера компаниите порано или покасно да воведат енергетско управување.
Самиот Проект за индустриски менаџмент започна во јануари и во наредните три години треба да овозможи да што поголем број на мали и средни компании бидат обучени да бидат енергетски ефикасни. УСАИД ќе издвои 1,3 милиони долари за да ја подржи реализацијата на овој проект.