На покривот на основното училиште „Замет“ во Ријека се поставени фотонапонски панели. Овие сончеви панели се поставени во рамките на проектот на општината Ријека, каде што покрај основното училиште „Замет“ се поставени фотонапонски панели на покривите на шест градинки и други основни училишта во Ријека.
„Ова е составен дел на проектот 3 х 20 кој што е инициран од страна на Европската комисија, а основната цел е зголемување за 20% на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, намалување на потрошувачката на енергијата за 20% и намалување на штетните емисии на CO2 за 20%“, изјави градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел.
Вредноста на проектот кој што е финансиран од страна на буџетот на општината Ријека изнесува 1.843.046,46 куни (≈245.000 евра). Дел од инвестицијата, поточно 36% од вредноста на инвестицијата, е финансиран од страна на Фондот за заштита на природната средина и енергетска ефикасност.
Како што рековме на самиот почеток на текстот, фотонапонските панели се поставени на: Детската градинка Срдочи и Поток, како и на основните училишта „Пеќине“, „Фран Франковиќ“, „Кантрида“ и „Замет“. Инаку, првата јавна зграда на која што беа поставени фотонапонските панели беше општинската зграда градот Ријека.
Извор: croenergo.eu