Глобалниот еколошки фонд (Global Environment Facility) – ГЕФ обезбедува финансиска помош за земјите во развој и за земји со економија во транзиција за покривање на зголемените трошоци за зашита и управување со животната средина. Програмата за мали грантови (ПМГ) е корпоративен дел ог ГЕФ и се спроведува од страна на УНДП во име на трите спроведувачки агенции на ГЕФ – Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), Светска банка и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) а е извршувана од страна на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (УНОПС).
Преку поддршка на здруженијата на граѓани, ГЕФ ПМГ промовира основна акција за обраќање внимание на глобалните грижи во областа на животната средина. ГЕФ ПМГ функционира со помош на неколку тела: Националниот координатор и волонтерскиот Национален управувачки комитет (НУК) на национално ниво и Централниот тим за управување на програмата (CTMP) во Њујорк.
Програмски цели на ГЕФ
Во ГЕФ ПМГ досега членуваат околу 122 земји со 81 национални канцеларии, две регионални канцеларии и 2 подрегионални канцеларии, управувани од Националните координатори. Во Македонија официјално започна со номинација на Националниот координатор на 1 мај 2005 година.
Програмата за мали грантови на Глобалниот Еколошки Фонд поддржува активности на НВО и Граѓански здруженија за развивање на земјата преку проекти од областите од интерес на ГЕФ, односно:
- зачувување на биолошката разновидност,
- заштита на меѓународните води,
- намалување на гасовите кои предизвикуваат климатски промени,
- спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумувањето и опустинувањето) и
- отстранување на неразградливите органски загадувачи (ПОПс) преку локални пристапи.
Стратешки насоки за националните стратегии за Четвртата Оперативна фаза (ОП4) во периодот 2009-2010:
- Влијание (impact orientation): влијанијата на проектите мора да бидат определени и наведени, т.е. кои се клучните влијанија врз животната средина, врз намалувањето на сиромаштијата и врз зајакнувањето на локално ниво,
- Фокусирање кон поголемо влијание: проектите треба да се помалку распространети за да се добие синергија и критична маса; фокусот треба да е географски и/или тематски,
- Мобилизирање на ресурси: иницијативите на ПМГ може да бидат зголемени, реплицирани и (само)одржливи и
- Градење на одржливост: како националната програма може да продолжи со намалени или без ресурси од ГЕФ.
Како да аплицирате за Програмата за мали грантови?
За да можат да бидат финансирани предлог проектите од ПМГ, тие треба да ги изразуваат критериумите наведени во Програмската Стратегија на Земјата за ПМГ, која треба да биде одобрена од волонтерскиот Национален управувачки комитет (НУК), кој всушност е одговорен за финалното одобрување на грантовите, за помош при изработката на предлог проектите, како и за нивно следење и оценување. Напатствијата, Критериумитеи Формуларите даваат исцрпни податоци за кој, како, кога, каде и за што да поднесе предлог проект.
Истовремено, проектите треба да бидат во линија со Оперативни Програми воспоставени од ГЕФ.
Во областа на биолошката разновидност, активностите треба да ја промовираат заштитата и одржливото користење на биолошките ресурси во сушните и во полусушните предели, водните и крајбрежните екосистеми, шумските екосистеми и планинските екосистеми.
Во областа на климатските промени активностите треба да демонстрираат отстранување на локалните бариери за зачувување на енергијата и за енергетска ефикасност или промовирање на користењето на обновливи извори на енергија.
Во областа на меѓународни води, активностите треба да се однесуваат на еколошкиот акцент на меѓуграничните водни површини, заканите од површинското и подземното загадување што го одредуваат квалитетот на водите, превенција од опасни супстанции и тешки метали кои не можат да бидат неутрализирани во водните екосистеми и сл.
Во областа на деградација на земјиштето активностите треба да се однесуваат на: заштита и реставрација на сушни и полусушни области, интегрирано управување со водените површини, заштита на земјиштето, пошумување, заштита од шумски пожари и сл.
Во областа на неразградливи органски загадувачи (ПОПс) активностите може да се во областа на реализирање на планираните активности во Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на НОЗ во Македонија, како и демонстрација на иновативни и кост-ефективни технологии и примени (несогорување на производи, чисти технологии итн.).
Максимален износ на грант за проект е 50 000 долари, со просечна вредност на грант од 20 000 долари. Досега се дадени 401 милиони долари од ГЕФ и преку 407 милиони од други извори во готовина и во материјал.