Според Војин Лазаревиќ, сопственикот на „Rudnap Group“ компанија која што е еден од регионалните лидери во трговија на електрична енергија, отворањето на пазарот на електричната енергија во Србија нема да донесе намалени цени на електрична енергија.
„Основната причина за тоа е што Електростопанството на Србија вештачки ја држеше цената на низок ниво а се со цел да се одржи социјалниот мир – цената не беше пазарна туку договорена. Затоа сега ќе имаме состојба да либерализација на пазарот нема да донесе пониски, туку ќе донесе зголемени цени на електрична енергија“, изјави Лазаревиќ, додавајќи да секаде каде што беше воведена либерализација на пазарот, до воведување на поголема конкуренција, цените се оптимизираа.
Лазаревиќ смета дека трансформацијата на ЕПС неопходен процес кој што ќе донесе поефикасно работење на оваа компанија.