Во изминатата 2011 г. доста проекти од областа на животната средина беа изработени од невладините низ Македонија. Сепак, еден од поголемите, ако не и најголемиот проект, беше проектот на балканската мрежа за застапување при управување со електронски отпад. Како резултат на активностите на националната мрежа која беше раководена од фондацијата Метаморфозис граѓаните од повеќе градови низ Македонија се запознаа со проблематиката на електронскиот отпад. Блогот енергетска ефикасност медиумски покри голем дел од настаните кои беа организирани од оваа мрежа во текот на целата година. Исто така, имавме неколку написи за електронскиот отпад како и тоа до каде е Македонија во справувањето со овој вид на отпад. Сепак, како најголем успех на овој проект мора да се земе тоа што организаторите активно придонесоа во донесувањето на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема кој беше изгласан во Собранието на Р. Македонија.
Деновиве сме сведоци на уште една интересна активност. Имено, иконографикот кој го гледате подолу е изработен како резултат на истражувања кои беа спроведени од мрежата за справување со електронскиот отпад. Секој еден кој сака да се едуцира и да научи по нешто за оваа проблематика за таа цел може да го искористи овој иконографик како извор на информации.
Иконографикот е преземен од официјалната страна на балканската мрежа за справување со електронски отпад.