Јапонија неодамна објави дека постои можност на реактивирање на нуклеарните централи до крајот на ова или во текот на 2014 година. Но покрај оваа можност, Јапонија се сè повеќе ослонува на обновливите извори на енергија, особено на сончевата енергија.
На крајот на 2012 година, оваа држава имаше повеќе од 7.4 GW инсталирана моќност на сончеви централи, а според некои аналитичари оваа бројка во најкус можен период ќе се дуплира.
Забрзаниот раст на користење на сончевата енергија е постигнат благодарејќи на поволните feed-in тарифи, кој што се воведени врз основ на иницијативата на поранешниот премиер Наото Кан. Овие поволни тарифи, ја поставија Јапонија на второ место, после Кина, по развојот на пазарот на сончевите панели. Доколку се реализираат плановите на Јапонија, оваа држава ќе се најде одма зад Германија и Италија по бројот на инсталирани сончеви панели.
По катастрофата во Фукушима, Јапонија угаси 50 нуклеарни реактори, а само 2 се реактивирани. И додека гасењето на нуклеарните реактори е само привремена мерка, јавноста, политиката и пазарот ја насочуваат Јапонија кон обновливите извори на енергија. Обновливите извори на енергија, пред се хидроенергијата зафаќаат 10% во вкупното производство на електричната енергија. Според плановите, учеството на обновливите извори на енергија до 2025 година требаат да учествуваат со 25% во вкупното производство.
Јапонскиот систем на feed – in тарифи, ги обврзува комуналните претпријатија да ја откупуваат електричната енергија добиена од обновливи извори на енергија, без разлика дали се работи за физички или правни лица и тоа по фиксни цени. Оваа фиксна цена е два пати поголема отколку откупната цена во Германија или Италија.
Извор: ekokuce.com