Претседателот на С.А.Д Барак Обама, за вторник ја најваи промоцијата на националниот план за борба против климатските промени.
Во својата објава, Обама изјави дека ќе ја претстави својата визија на начинот на кој што ќе се намали загадувањето со јаглен моноксид. Тој сака да ги припреми С.А.Д. на негативните ефекти од климатските промени. Исто така, Обама планира С.А.Д. да станат светски лидер во борбата против овој проблем.
Обама изјави дека не постои еден клучен чекор кој што може да ги спречи понатамошните климатски промени. Научниците мораат да пронајдат нови горива и нови извори на енергија, изјави Обама, додавајќи дека работниците мораат да се припремат на нова „зелена економија“.
Претседателот на С.А.Д. не ги откри сите поединости на планот, но како според најавите од администрацијата планот содржи мерки за зголемување на енергетска ефикасност, како и зголемено искористување на обновливите извори на енергија.
Во реализацијата на планот, ќе биде вклучена Агенција за заштита на човековата средина, која што ќе ја искористи својата надлежност во регулацијата на загадувањето од електричните централи кој што користат фосилни горива.