Продолжуваме со написите како да направите мини ветрогенератор. Во минатиот текст пишувавме за електронскиот дел на ветрогенераторот.
Понатаму што нѝ треба е продолжен УСБ кабел. Овој кабел го сечиме на пола и жиците од „женскиот“ дел на кабелот ги поврзуваме директно на излез на електрониката (десниот дел на шемата). УСБ кабелот има 4 жици. Меѓутоа нам нѝ се потребни само 2 жици, плус и минус 5V. Доколку сакате ветерницата да Ви користи само за полнење на батерии, можете да направите многу поедноставен електронски склоп. ВНИМАВАЈТЕ! Обавезно проверите го поларитетот и напонот (мора да биде помеѓу 4.9 и 5.3 V).
Сега што треба да направиме е да ги изработиме механичките делови на ветерницата. Потребно е да го направиме носачот на ветерницата и да ја направиме турбината (пропелерите). Носачот можете да го направите од алуминиумска цевка пречник 3-4mm. Доколку планирате од време на време да ја преместувате ветерницата, наједноставно е да го фиксирате носачот на ветерницата. Генераторот се најлесно прицврстува на носачот со помош на метелен Л профил. Ова зависи од тоа дали ќе користите хоризонтална или вертикална турбина. Доколку се одлучите за ветерница со хоризонтална осовина, можете да направите трокрак пропелер. За ова Ви е потребна една табла на лим 0.8×0.8m, дебелина 0.5mm. Исечете ги деловите како што е прикажано на сликата, а потоа со шрафови прицврстете ја турбината за степ моторот.
За ветерница со вертикална оска, наједноставно е да направите турбина од искористена пластична кофа. Исечете ја по средина, а потоа прицврстете ја на кружна плоча направена од дрво или пластика и на крајот прицврстете ја на степ моторот.
Кога ветерот има брзина од 10 m/s, оваа мини ветерница може да произведе струја од околу 5 W. Ова е некој максимум доколку го користиме степ моторот од флопи дискета. Снагата зависи и од тоа колкави се турбините и нормално од брзината на ветерот. Иако е моќност на оваа ветерница мала, таа сепак може без големи проблеми да го напојува лед осветлувањето (10-20 Hi-Power), или може без проблеми да Ви ја наполни батеријата на мобилниот телефон, доколку сте на кампување. Но она што е најважно е тоа дека доколку успешно ја направите оваа мини ветерница, тоа може да Ве охрабри да направите ветерница со поголема инсталирана моќност.
Сликите и текстот преземено од СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
One Comment
stefan
Може да се коисти и на река со хидо снага