Машината за миење садови е за некој луксуз, но за некој е реална потреба. Модерните машини за миење на садови ем што прават директни заштеди во електричната енергија, ем прават големи заштеди на вода и што е најважно ќе добиете повеќе време за други активности. Како пример за ова, за рачно миење на 12 комплети на садови ќе потрошите околу 50 литри на топла вода, додека машината ќе потроши само од 15 -28 литри (во зависност од модел на машината) вода. Пред да купите машина за миење садови, еве неколку совети како да одберете вистинска машина.
Колку простор ќе заземе машината?
Големината на кујната директно ја диктира големината на машината. Но, за среќа на пазарот постои голема понуда на различни големини на машини за миење садови.
Така можете да најдете мали машини, во кои можете да ставите 4 комплети на садови и тие се идеални за мали станови. Иако имаат предност што се мали и идеални за мали станови, тие се енергетски неефикасни. Исто така, овие машини можат да мијат само мали парчиња на садови, додека поголемите парчиња ќе морате и понатаму да ги миете на раце.
Покрај овие модели имате и поголеми модели кои имаат ширина од 45 cm и 60 cm. Машините кои имаат ширина од 45 cm можат да измијат 9 комплети , додека машините кои имаат ширина од 60 cm можат да измијат 12 комплети на садови.
Енергетска класа
Покрај димензијата на машината, мораме да свртиме внимание и кон енергетската класа на самата машина. Во минатите текстови зборувавме за енергетските класи на апаратите за домаќинство. Имено, не е сеедно дали купуваме машина за миење садови од А+ или B енергетска класа. Разликата во потрошувачката на електрична енергија може да оди и до 1000 kWh на годишно ниво.
За крај
Доколку имате голема фамилија дефинитивно размислете за машина замиење садови. Купување на енергетски ефикасна машина може во почеток ќе Ви личи на голема инвестиција, но заштедите кои ќе Ви ги донеси се големи (електрична енергија, вода, време). Исто така, пред да купите машина за миење садови, детално информирајте се за секој одреден модел што се нуди на пазарот.